ТВ21 ја контактираше Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Од таму велат, дека дополнителниот заменик министер Трипуновски можел да снима, доколку намерата му била да види дали се почитуваат работните оврски, но не смеел да ги покажува лицата на луѓето кои се вработени таму, а потоа видеото да го дисрибуира до медиумите и на неговата фејсбук страница.
Оттаму велат дека постапката може да се окарактеризира како неовластено снимање, па дури и мобинг.
Во Македонија постои закон за приватност на вработените во привател или јавен сектор, а ова секако е спротивно на тој закон.
Во дел од законот се вели, дури и да има потреба за снимање или инсталирање на видео опрема во просториите на одредена компанијата и институцијата, работодавецот мора да за тоа да ги извести вработените.
Инаку, со личен снимател дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска проверувал дали сите вработени во подрачната единица на министерството во Берово, се на работните места. Вакови снимања во минатото правеше и експремиерот Никола Груевски кој заедно со снимател, фотограф и озвучен со микрофони проверуваше до каде е изведбата на градежни работи, објави А1он.
Од видео-материјалот кој го дистрибуираше до медиумите, а го објави и на социјалните мрежи, се гледа како упаѓа во канцеларии, а се соочува и со реакции поради тоа што без дозвола ги снима вработените.
„Се работи? Плачат земјоделциве нешто. Велат односов на подрачнава, нешто од високо…“, почнува да објаснува Трипуновски, на што вработениот реагира „А снимањето, вака што упаѓате?“, на што замник-министерот одговара „Снимањето јас го нарачав, тој ми е човек со мој. Ова се службени простории, јас сум дополнителен заменик-министер“.