ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

На Македонија да ѝ биде полошо, за нас да ни биде подобро, така денес звучи инфантилната опозиција

May 6, 2022 13:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Синоќа Ковачевски, во интервјуто „Клик плус“ на ТВ 21. беше оштар, прецизен и јасен: не ги прифаќа ултиматумите на Мицкоски за, како што и самиот рече, „не прифаќам инфантилни закани за предвремени парламентарни избори“.

Текот на интервјуто се одвиваше „жестоко“, приметив уште неколку работи: Ковачевски беше прецизен во својата мисла и беше одлучен, дури ми провејуваше и еден впечаток, како да сакаше да рече, „аман доста со тие предвремени парламентарни избори“.  Од друга страна, Ковачевски е свесен дека оваа сосотојба е многу повеќе од личниот рејтинг, и дека работите мора да се решаваат, а не цела земја да влезе во перманентна криза затоа што Мицкоски посакал да си го мери својот очаен и беден рејтинг.

Имаше уште добри поенти кои ги кажа автентично, човечки и без надменост во себе, ги кажа без некоја особена претенциозност: „Кога зборуваме за лидерски концепти, лидери се луѓе што носат одлуки и решаваат прашања за идните генерации, за благосостојбата на граѓаните и се справуваат со најголемите проблеми. Не е лидер тој што мисли само на личниот рејтинг и кога ќе бидат наредните избори“, рече премиерот Ковачевски.

Кажав еднаш, ќе повторам уште еднаш: цела опозиција сака на Македонија да ѝ биде полошо за нив да им биде подобро. Или со други зборови, треба да го спречат Ковачевски да направи нешто добро за државата и граѓаните, само како во Македонија би било полошо и, во конечното: да падне и Ковачевски, па затоа се форсира за предвремени параламентарни избори.

А, кога на Македонија ќе ѝ биде полошо, тогаш ќе им биде подобро на сите во опозицијата, тие кои живеат од странски спонзори по разни Будимпешти и останати радикално-десни центри. Си знаат тие многу добро кој и од каде ги спонзорира. А нас останатите – кој не ебе, да ми простите на „францускиот“.

Значи, нема врска што Ковачевски работи добро во овие неколку месеци, единствено што треба е Ковачевски да падне затоа што е лош, а тие, нели, мицковци биле добри. А на негово место треба да поставиме неспособни, некомпетентни, корумпирани, на негово место треба да поставиме луѓе кои во минатиот режим се обогатија преку функции – само затоа што тие се добри. Тоа ли е логиката?

Ова е денес македонскиот опозиционен став. Вака денес звучи врвната мисла во јавниот простор. Ковачевски е лош, ние сме добри, дајте ни предвремени парламентарни избори.

Погледајте дали Ковечавески не работи добро за државата, погледајте во изминатиот рок што Владата правеше добро за граѓаните, а што правеше во овие 5. години опозицијата? Во главно ништо, освен што го чувавме Мицкоски да остане лидер, а Груевски главен брифер од Будимпешта, практично ништо поважно не се случи во опозиционата партија. Се случи така како што и беше за очекување: кога на Македонија ќе и биде полошо, нам ќе ни биде подобро.

Така звучи „врвната“ интелектуална мисла на македонската опозиција. И уште звучи: ние сме добри, тие се лоши. На тоа е сведен нивниот јавен дискурс.

„Активниот бојкот“ е нешто кое најдобро го знаат. На нивна корист, а за наша штета. Тоа, гледајќи ги синоќешното интервју, Ковачевски нема да го дозволи. Избори, како што рече и самиот, во 2024 година.

И молим лепо.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Синер по пласманот во четвртфиналето на Мастерсот во Рим: Како да ми падна голем товар од грбот

May 14, 2025

Во Стопанската комора дискусија за иднината на македонската економија

May 14, 2025
Фото: Фејсбук Британска амбасада

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс на средби со државниот врв

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk