„На лоши маки сум. Собираме донации за едно момче“.
Ова е само дел од пораките на лажниот профил на Фејсбук. Како си царе, бил воведот во измамата, а потоа измамниците барале пари.
– Утре треба да замине на контрола, да кажат докторите за што точно се работи- потребни му се 200 евра за контрола“, пишал лажниот Џамбазов на 22 декември 2019.
Сепак до средба за исплата не дошло.
Ваков тип на конверзации со барање за донации биле праќани и кај други луѓе, пишува Локално.
Овој случај не е прв, во име на шоуменот да се бараат пари за донации. Истото се случуваше и во 2017 година, а од крајот на минатата година, преку лажен профил со неговото име повторно се почнало со барање на пари. Овој профил со името на Џамбазов е креиран во 2013 година.