ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Забрчанец: Русија ја изгуби пропагандната војна против Украина, РСМ постојано е изложена на дезинформации

May 28, 2022 12:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Марјан Забрчанец

Марјан Забрчанец

Share on FacebookShare on Twitter

Сè почести се заклучоците дека Русија ја изгуби пропагандната војна во случајот со Украина. Северна Македонија како земја во демократски развој и најнова членка на НАТО беше и сè уште е силно изложена на манипулативни наративи кои имаат цел намерно да го доведуваат населението во заблуда дека западните и демократските политики и системи не се соодветни за ова поднебје и со тоа да штетат врз безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Ова, меѓу другото, го вели Марјан Забрчанец, национален координатор на Владата на Северна Македонија за Отворен Балкан и регионални иницијативи во интервју за Порталб.мк, кој е специјалист по односи со јавност, комуникациски стратегии и стратешко планирање, со разновидно 20-годишно професионално искуство во граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор.

 

Колку се присутни дезинформациите во медиумите во Северна Македонија и дали тие се креатори или само пренесувачи на дезинформациите од регионалните или светските медиуми?

Дезинформациите се глобална појава која во најголем број од случаите има за цел да им штети и да ги дестабилизира демократиите во светот. Северна Македонија како земја во демократски развој и најнова членка на НАТО беше и сè уште е силно изложена на манипулативни наративи кои имаат цел намерно да го доведуваат населението во заблуда дека западните и демократските политики и системи не се соодветни за ова поднебје и со тоа да штетат врз безбедноста и сигурноста на граѓаните. Медиумите може да бидат и пренесувачи и креатори на дезинформации. Оние кои се креатори на невистинити вести се најчесто портали на кои не им се знае до крај сопственоста и уредништвото и истите треба да ги квалификуваме како пара-медиуми или фејк-медиуми и јавно да ги покажуваме како такви бидејќи тие ја уриваат смислата на своето постоење и на одговорноста кон јавниот интерес.

На кои теми најчесто се дезинформира во Македонија, и колку се тие штетни?

Дезинформаторите ги напаѓаат прогресивните теми и идеи и се особено присутни со наративи за големите општествени текови и правецот во кој оди државата.

Така на пример, кај нас многу се дезинформираше дека со договорот од Преспа ќе сме станеле Северномакедонци или дека се бришел АСНОМ од Уставот. Ништо од ова ниту се случи ниту ќе се случи, но намерата беше преку манипулација на населението да се спречи договор со Грција и членство на нашата држава во НАТО. Обидот не им успеа.

Денес пак дезинформаторите се обидуваат да не излажат дека Русија не била агресор врз Украина туку дека била принудена да се брани од напливот на нацизам кај нивниот сосед. Во овој случај дезинформаторите како да заборавиле дека со месеци целиот свет гледа фотографии и видеа од загинато цивилно украинско население од нападите кои руските војски ги вршат врз независна и суверена Украина.

Штетноста од ваквите намерни заблуди е огромна. Некогаш може и живот да чини, особено ако се потсетиме дека граѓани низ целиот свет починаа од КОВИД-19 како резултат на тоа што одбиваа да се вакцинираат мислејќи дека со тоа ќе си го загрозат здравјето. Заблудата доведе до смртни последици од опасната пандемиска болест.

Колку Северна Македонија е изложена на дезинформациите против евроинтеграциите и НАТО?

Постојано сме изложени на дезинформации на овие теми бидејќи евроинтеграциите и членството во НАТО се особено актуелни последниве години. И македонско-бугарските односи се затруени со дезинформации кои доаѓаат од надвор, но и од внатре. Станува збор за декадентни, националистички, опасни и скриени центри на моќ и пропаганда кои имаат против отвореноста на општествата, против толеранцијата меѓу луѓето, против паѓањето на бариерите меѓу државите на Балканот, против мир, против стабилност. Тоа се оние центри кои се за агресија, за надмоќ на една нација врз друга, за дискриминација, за газење врз достоинството на луѓето.

Како ја перцепирате руската пропаганда и влијание во Северна Македонија, особено врз креирањето на нашата внатрешна политика и јавно мислење?

Без разлика дали ваквите пропаганди ќе ги нарекуваме руски или не, важно е да се знае дека сите тие се пред сè анти-демократски и дестабилизирачки и дека извираат како од Русија, така и од други земји низ светот, вклучително и нашата. Во нашиот случај особено позитивно е што имаме целосно демократска влада која се исправа со разни механизми против ваквите појави и која работи на создавање механизми со кои општеството ќе биде поотпорно на манипулации.

Што презема Владата на Северна Македонија во борбата против дезинформациите, особено руските?

Нашата Влада беше прва во регионот која уште пред неколку години создаде и активираше сеопфатен акциски план за справување со дезинформации кој даде соодветни резултати и на ниво на алармирање и кревање свест кај населението и на ниво на системски решенија како што е високото ниво на активна транспарентност и отвореност на централните државни институции или пак воведувањето на медиумската писменост во образованието.

Северна Македонија е во постојана координација со своите НАТО сојузници, а кризата во Украина покажа дека НАТО е меѓу другото и сериозно координирана комуникациска платформа за промоција на демократски вредности и за заштита од антизападни манипулации и дезинформации. Сè почести се заклучоците дека Русија ја изгуби пропагандната војна во случајот со Украина.

 

Интервју на Суад Бајрами за мета.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Нацевска: Стабилноста на денарот и мерките на НБ креираат простор за раст на денарското штедење

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk