ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајден ја продолжи за една година Извршната наредба за Западен Балкан

June 14, 2022 16:29
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на САД синоќа објави соопштение во кое се вели дека ја продолжува важноста на извршната наредба во однос на Северна Македонија потпишана лани на 8 јуни. 

-Со извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001 година, претседателот прогласи национална вонредна состојба во однос на Западен Балкан во согласност со Законот за меѓународни итни економски овластувања (50 U.S.C. 1701) за да се справи со вонредната закана по националната безбедност и надворешната политика на САД, а поттикнати од дејствија на лица вклучени или кои помагаат, спонзорираат или поддржуваат екстремистичко насилство во поранешна Република Македонија (сегашна Република Северна Македонија) и на други места во регионот на Западен Балкан, се наведува во документот. 

Се укажува дека наредбата се респространува и на лица и дејствија вклучени во спречување или спроведување на Дејтонскиот договор за БиХ, (Резолуција 1244) на Советот за безбедност на Обединетите нации од 10. јуни 1999 година), и за Косово.  

Претседатлот на САД подоцна ја измени таа наредба во Извршна наредба 13304 од 28 мај 2003 година, за преземање дополнителни чекори во однос на одредени дејствија кои го попречуваат спроведувањето, меѓу другото, на Охридскиот рамковен договор од 2001 година во врска со Македонија (сегашна Република Северна Македонија). 

-На 8 јуни 2021 година потпишав Извршна наредба 14033 со која се прошири опсегот на националната вонредна состојба прогласена во Извршната наредба 13219, изменета со утврдување дека ситуацијата на територијата на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Република Албанија (Западен Балкан), во последните две децении, вклучително и поткопувањето на повоените договори и институции по распадот на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, како и широко распространетата корупција во различни влади и институции во Западен Балкан, го спречува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, и со тоа претставува закана за националната безбедност и надворешната политика на САД, се вели во документот. 

Се додава дека активностите на лицата кои ги загрозуваат напорите за мир и меѓународната стабилизација на Западен Балкан, вклучително и актите на екстремистичко насилство и активност на опструкции во ситуацијата на Западен Балкан, кои спречуваат напредок кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.  

-Поради ова националната вонредна состојба прогласена во Извршната наредба 13219, според која беа преземени дополнителни чекори во Извршната наредба 13304, а која беше проширена во опсегот во Извршната наредба 14033, мора да продолжи да важи и по 26 јуни 2022 година. Затоа, во согласност со делот 202(г) од Законот за национални итни случаи (50 U.S.C. 1622(г)), националната вонредна состојба прогласена во Извршниот налог 13219 во однос на Западен Балкан се продолжува за една година. 

Се наведува дека ова известување ќе биде објавено во Федералниот регистар и ќе се пренесе до Конгресот. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

МЗШВ: Дополнителни 3.769 хектари на располагање за земјоделците, два нови огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хекатри

НАЈНОВО

Обвинителката Бонди: Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк

September 16, 2025

(ВИДЕО) Кузеска: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

September 16, 2025

Започнува главниот дел од израелската копнена операција во Газа, САД го предупредуваат Хамас

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk