ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Уште еден пратеник ја напушти партијата на Слави Трифонов, премиерот Петков убеден дека ќе има и други

June 17, 2022 14:35
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Партијата „Има таков народ“ (ИТН), на бугарскиот шоумен Слави Трифонов денеска изгуби уште еден пратеник – тоа е шестиот што ја напушти партијата откако таа излезе од владејачката коалиција. Пратеникот Кирил Симеонов од Варна денеска во емоционален говор во парламентот рече оти му е срам што вчера гласал заедно со ГЕРБ и ДПС за разрешувањето на претседателот на бугарскиот парламент, Никола Минчев, јави бугарскиот новински сајт mediapool.bg, пренесува Мета.мк.

Од вкупно 239 пратеници, 125 гласаа „за“ разрешување на Минчев вчера, 113 беа против, а еден пратеник од „Продолжуваме со промената“, партиската алијанса на премиерот Кирил Петков, беше воздржан. Барањето за разрешување на Минчев беше поднесено завчера од страна на пратениците на ГЕРБ, ДПС, „Има таков народ“ (ИТН) и „В’зраждане“ (Преродба).

Пратеникот Симеонов денеска порача дека влегол во политика за да се бори против системот, против статус кво-то, но излегло дека вчера гласал баш „за системот“.
„Во политиката влегов без да имам родители – партиски кадри, без некој да ме подджува, без бизнисмени зад мене. Кога се видов со Слави Трифонов, тој ме праша „зошто си тука, за што се бориш?“. Јас му реков „тука сум за да се бориме против системот, против статус кво-то. Вчера гласавме заедно со тој систем и ми е срам поради тоа“, рече тој.

На неколку дена пред гласањето доверба на неговата влада, кое е на иницијата на ГЕРБ, бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за бугарски „Капитал“ прогнозира дека до 15 пратеници на ИТН не се уверени дека „треба да ги следат Слави и Тошко (Јорданов)“. Според Петков, кога владата би имала поддршка од такви пратеници, тој би се чувствувал покомфорно.

Петков појасни дека на пратениците од ИТН што сега во моментов ја поддржуваат владата, би им предложил места во идни листи на неговата партиска коалиција „Продолжуваме со промената“ (ПП), но не како трговија.

Светлин Стојанов, еден од петте пратеници што досега ја напуштија ИТН и дејствуваат како независни, исто така вели дека барем уште петмина пратеници би ја напуштиле партијата „на Слави и Тошко“, но тоа не го разоткриле при гласањето за разрешување на претседателот на парламентот за да не бидат нападнати, пренесува mediapool.bg.

„Барем уште петмина се подготвени. Јас сум сигурен дека и сите други се подготвени – без Тошко, Балабанов и Ива, во краен случај. Но другите се склони“ рече Стојанов во интервју за весникот „24 Часа“.

Тој прогнозира дека при гласањето недоверба на владата на Петков „ќе има разум кај тие пратеници“.

Инаку, пред бугарскиот парламент и во парламентот, вчера имаше протест а потоа дојде и до остри расправии и физички судир меѓу пратеници, известува mediapool.bg.
Откако беше разрешен Минчев, илјадници граѓани се собраа вчера пред парламентот за да протестираат, останувајќи таму со часови. По 22 часот ситуацијата ескалираше откако полицијата спречи обид за напад врз пратениците од „В’зраждане“ (Преродба) на Костадин Костадинов, изразито националистички и проруски млад политичар. Него во еден момент демонстрантите го гаѓаа со илјадници стотинки, нарекувајќи го „Копејкин к…во!“.

Костадинов претходно од парламентарната говорница рече оти се сомнева во спонтаноста на протестот против разрешувањето на Минчев и „објаснуваше“ дека се прави нешто што нарекува на „Мајдан“ во Украина во 2014 година, кога народот во Кијив протестираше против прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович.

По неговиот говор, реагираше Јавор Божанков од БСП, кој рече дека видел како Костадинов демонстрантите го гаѓаат со стотинки и копејки, и рече дека Костадинов се плаши бидејќи неговите гласачи го виделе како гласа заедно со ДПС за отстранување на Минчев. Костадинов со години наназад е жесток критичар на ДПС, обвинувајќи ја партијата за огромен криминал со државни пари и работење против Бугарија и Бугарите во интерес на Турција.

По размената на репликите меѓу Костадинов и Божанков, пратениците почнаа да галамат, а еден пратеник замалку ќе беше кутнат на земја додека се караше со Хамид Хамид од ДПС. Откако претседавачот на седницата не успеа да ги совлада страстите, прогласи пауза, пишува mediapool.bg

 

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Поради утрешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, од денеска ќе биде затворен за сообраќај булевар „Илинден“ пред Владата

Shortcut

Најново

Александар Зверев го скрши проклетството: Конечно Грен слем шампион со триумф на Ролан Гарос!

June 7, 2026

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

June 7, 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk