„Техничка влада беше замислена да биде контролен механизам во услови на заробена држава. И тој механизам требаше да обезбеди организирање на слободни избори. Тој механизам во овој момент е непотребен. Тоа можам да го кажам со апсолутна сигурност. Но, кога веќе е тука за да се направи еден континуитет во таа транзиција од заробена држава во демократско општество, техничката влада покажува ужасни слабости исто онолку колку што покажа и во претходната прилика кога беше организирана. Сега дури би рекол и повеќе затоа што имате демократски амбиент во кој демократските придобивки се злоупотребуваат максимално до незамисливи граници. Слободата на говорот се злоупотребува максимално и се разбира се злоупотребува законот воопшто за да се прикаже една ситуација која е сосема надвор од реалното со цел да се блокира целиот систем“, изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ во Утрински Брифинг.
„Ние всушност во овој момент немаме техничка влада, ние имаме блокиран систем во кој одредени структури ја злоупотребуваат позицијата на техничка влада за да обезбедат слободни избори, а секако ќе ги има, и да спроведат максимална црна кампања користејќи ги токму позициите, функциите во државата.
Наместо да биде техничката влада алатка за обебедување на слободни избори, техничката влада заради ваквото однесување на одредени функционери кои упаднаа во тој модул всушност го загрозуваат изборниот процес“, објасни Дерала.
Б. Ј.