Пишува: СОТИР ГAБЕЛОСКИ
Навикнати сме ВМРО ДПМНЕ да ги кочи процесите во важни моменти за државата. Последен пример за тоа е блокирањето на Предлог законот за работни односи со кој ќе се спречи 70-тина судии да заминат во пензија.
Ова е уште една свесна „сопка“ на опозицијата во мозаикот на опструкции кои се провлекуваат со години. Дополнително, продолжуваат со истата „стратегија“ и во период кога се одлучува за датум за преговори за Македонија.
Повиците за национално обединување се само пуста желба. Нема спремност кај опозицијата, освен ако на маса се стават предвремени избори. Опортунизмот на ДПМНЕ уште еднаш се покажува на дело. Партијата не најде за сходно барем во моменти на стратешка важност за иднината на државата да ги стави во втор план партиските интереси. Единствено што направи Мицкоски е што гледа сеир од страна заради сопствената незрелост да се носи со државнички прашања.
Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0.