ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски e добар знак дека имаме добро решение

July 3, 2022 17:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Нема потреба од лидерски средби или било какви преговори и договори со антизападните политички ентитети. Не вреди да се дискутира било што со нив. Особено откако својот став ќе го искажат на улица, пред влада, на прес конференции, во изјави за медиумите… Јас би рекол дека доволен аргумент за изолација и игнорирање се и медиумите под нивна контрола спроведуваат континуирана антизападна, националистичка и проруска пропаганда.

Ним не им требаат информации, аргументи, факти. Тие имаат однапред подготвени ставови и позиции. Сценариото, транспарентите, маиците и другите реквизити секогаш им се спремни, пред било што да се случи. Каква смисла има дискусијата со нив кога и не сакаат да читаат или слушаат? Нема подобар пример за ова од сопственото признание на Мицкоски дека не го ни прочитал решението за македонско-бугарскиот спор. Во нормална земја, тоа би бил гаф со кој се погребува политичка кариера, а тој што ќе истресе таква глупост, ќе стане виц. Овде, тоа се продава како патриотизам.

Што е во прашање? Со антизападна и националистичка кампања, преполна со манипулации и лаги, а веројатно и со пари и ветувања, ги намамуваат луѓето да протестираат против добри решенија што ќе ги исполнат децениските очекувања за почеток на преговорите за ЕУ интеграција. Тоа го капитализираат за да добијат евтини политички поени и да уценуваат.

Што е мотивот? Од авион се гледа за чии интереси одработуваат и тие и интелектуалците кои, едноставно, не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ, во НАТО, да биде дел од семејството на развиените и богати демократии во светот. Во овој контекст, не е важно ни дали одработуваат за пари или од сопствени убедувања.

Затоа, навистина нема потреба да се губи повеќе време за постигнување „широк консензус“, онаму каде што имате солдатеска за уривање на европскиот пат. Нема консензус таму. И, на крајот на краиштата, нема зошто антизападните инсталациии да се третираат како рамноправен партнер во критичните процеси и одлуки во земјава.

Неприфаќањето на новите решенија за македонско-бугарскиот спор им оди во прилог токму на бугарските политичари кои го негираат македонскиот јазик. Тоа е барем јасно.

Да повториме: Политички инфантилизам, неспособност и опседнатост не смеат да бидат услови за седнување на масата на која се постигнуваат договори, а уште помалку консензус. Едноставно, затоа што е невозможно. Ако вечно намуртениот Мицкоски не се согласува со нешто, не значи дека во земјата нема консензус. Напротив.

Таму каде што покажуваат антизападните инсталации и криминалците во политиката, се наоѓаат неволјите. Решенијата се на спротивната страна од нивните патокази!

Важно е да се разбере дека работат против македонските национални интереси. Да се разбереме, нивното политичко дејствување е целосно спротивно на националните интереси, а со тоа ги потценуваат и сите заложби за заштита на македонскиот јазик, македонскиот етнички и културен идентитет. Идентитетот и посебноста на македонскиот јазик го штити владата откако падна режимот на Груевски, го штитат прогресивните интелектуалци и медиуми. Тоа е толку пати докажано и се докажува секојдневно, што навистина нема потреба посебно да се објаснува.

Не е чудно ни тоа што бранот на негативни реакции ги зафати и оние што важат за прогресивни и прозападни ликови во јавноста. Едноставно, долготрајната пропаганда и создавање негативна атмосфера во општеството, во кое се негува национализмот, не само во простачка форма, туку и во негови суптилно прикриени форми, го прават своето. Во комбинација со мазохистичкиот порив (немам подобро објаснување) да се игра попрво со непријателот на нашата заедничка иднина, добивате една хистеризирано и поделено општество во кое креаторите на јавното мислење слушаат и читаат само зборови, а не ги поврзуваат во реченици. За пет минути слава кај квази патриотите, ја жртвуваат иднината на својата земја. Кој знае, тие можеби ќе дојдат на власт, па добро е да се има некој поен кај нив…

Почиста ситуација не сме имале никогаш. Последниот чекор до почетокот на преговорите за ЕУ членство, за европска иднина, е пред нас. Мудро и разумно е да се направи. Во спротивно, негирањата и оспорувањата само ќе се интензивираат. А одбраната од нив, наместо во европските институции, ќе остане на социјалните мрежи. Уште еднаш се потврдува вистината дека полесно е безумно да се мрази, отколку со ум да се гради.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Васко Лазаревски

За идентитецките работи во 21. век

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk