Најмалку четворица полицајци се повредени од дивеењето на протестантите водени од Димитар Апасиев пред зградата на Владата.
Повредите се од удари со камења и други предмети. Македонската полиција успеа да ја задржи ситуацијата под контрола и да ги спречи намерите на оние кои безмилосно нападнаа врз македонските полицајци.
„На Денот на независноста на САД, на Денот на борецот, на дело се виде насилството на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.
Јавноста вчера виде обиди за повторување на крвавиот четврток, на 27 април 2017 година од страна на политички партии кои не и мислат добро на државата и граѓаните, велат од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена се обидуваат да ја дестабилизираат државата, да го попречат процесот на евроинтеграција, одработувајќи за туѓи интереси“, велат од партијата.
СДСМ, институциите и граѓаните нема да деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрози европската иднина на државата, нема да дозволат општеството да се врати назад во изолација и поделби“, се вели во сооопшетнието.