Помалите партнери во коалицијата на СДСМ (ДОМ, ЛДП и Демократски Сојуз) ќе се сретнат со претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел којшто е во посета на Македонија во врска со францускиот предлог за преговарачката рамка, објави Телма.
Претставници на една од партиите за Телма потврдија дека ќе остварат средба со Мишел. ЛДП; ДОМ и Демократскиот Сојуз бараат дополнителни гаранции, а се уште не се изјасниле за францускиот предлог. Најверојатно тоа е причината поради што на денешниот прелиминарен распоред за работа на владината седница, го нема францускиот предлог.
-Кога ќе почне седницата и ќе биде утврден дневниот ред, ќе бидете информирани, кратко ни одговорија од прес службата на Владата.
ЛДП чиј претседател е министер за локална самоуправа Горан Милевски најави дека партиските тела се уште не го разгледале и не донеле одлука за францускиот предлог и дека тој во моментот нема да гласа позитивно на владата.







