Украинските сили ослободија повеќе од илјада населени места од окупаторите, а секоја недела се додаваат нови. Сега, на пример, на југот на нашата земја. Сите тие претрпеа уништување од големи размери. А уште тоа значи и потреба од колосални средства за обнова на инфраструктурата, за враќање на медицината и социјалните услуги, за враќање на нормалниот економски живот. Само во ослободените области има десетици илјади уништени куќи, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање.
„Денес беше долг и многу важен ден од нашата надворешнополитичка активност.
Конференција посветена на обновата на Украина беше отворена во Лугано, Швајцарија. Веднаш сакам да истакнам дека кога зборуваат за обновување, често погрешно го ставаат акцентот. Не се работи само за тоа што треба да правиме по нашата победа или во следните години, туку и што треба да правиме уште во моментов.
Украинските сили ослободија повеќе од илјада населени места од окупаторите, а секоја недела се додаваат нови. Сега, на пример, на југот на нашата земја. Сите тие претрпеа уништување од големи размери. А уште тоа значи и потреба од колосални средства за обнова на инфраструктурата, за враќање на медицината и социјалните услуги, за враќање на нормалниот економски живот. Само во ослободените области има десетици илјади уништени куќи.
А, исто така, треба да ги подготвиме училиштата и универзитетите за новата академска година на целата слободна територија на земјата и во нови услови на постојана закана, вклучително и ракетни напади… Веќе мора да се подготвиме за зимата и да направиме се за да јна поминеме оваа зима мирно од енергетски аспект и покрај било какви закани кои Русија ги создава секојдневно.
Значителен дел од економијата е уништена од воените дејствија и руските удари, а илјадници претпријатија не работат. А тоа значи голема потреба за работни места, за обезбедување социјални бенефиции и покрај намалувањето на даночните приходи.
Затоа, обновата на Украина не е само за тоа што треба да се направи подоцна, по нашата победа, туку и за тоа што треба да се прави во овој момент. И тоа мора да го правиме заедно со нашите партнери, со целиот демократски свет. Да го правиме веќе сега.
Денес, Премиерот на Шведска г-ѓа Андерсон го посети Кијив. Главните теми се одбранбената поддршка – ќе добиеме нов засилен пакет – благодарам. Како и нови санкции против Русија и нови можности за Украина, особено во однос на преработката на отпадот.
Кај нас оваа тема беше многу долго запоставена и не се работи само за тоа што да се прави со ѓубрето. Се работи за безбедноста, за квалитетот на животот. Потребни ни се минимум 25 нови и модерни технолошки напредни погони за преработка на отпад. Тие се способни да обезбедат и енергија и секундарни суровини и конечно решение за вековниот проблем со депониите за отпад, неможноста на многу заедници да најдат решенија за отпадот.
И ако некои мислат дека ова е надвор од времето, тогаш сакам да кажам дека обновата на нашата држава не е само обнова на ѕидовите што ги имавме и кои беа урнати со гранатирање. Украина треба да стане најслободна, најмодерна и најбезбедна земја во Европа – во секоја смисла на зборот, особено во однос на состојбата на нашата животна средина. Сигурен сум дека ќе го направиме тоа.
Денес е 4 јули – главниот празник на Соединетите Американски Држави, Денот на независноста. И сакам да му честитам на Претседателот Бајден, на американскиот народ и на сите наши пријатели во САД.
Сакам да цитирам нешто: „Ние сметаме дека сите луѓе се создадени еднакви како очигледни вистини; дека Создателот ги обдарил со одредени неотуѓиви права, кои вклучуваат живот, слобода и потрага по среќа; дека владите се воспоставени меѓу луѓето за да ги обезбедат овие права и дека моќта на владите доаѓа од согласноста на оние со кои тие управуваат“, се вели во Декларацијата за независност на Соединетите држави. И согласете се дека Украинците повеќепати во својата историја покажаа дека имаме слични принципи. Доволно е да ги погледнеме украинските мајдани или нашата истрајност во одбраната на слободата.
Повторно ви го честитам Денот на независноста. Благодарам за помошта!
Денес им честитав на украинските полицајци за Националниот ден на полицијата. Им доделив награди. Законот и редот се засноваат на квалитетот на нивната работа.
Се разбира, треба уште многу да се направи за украинската полиција целосно да одговори на барањата на модерното време. Но, запомнете ги полициските херои кои се борат на првите борбени линии. За оние кои обезбедуваат деминирање. Кој им помага на жртвите од гранатирање. Кој ја спроведува евакуацијата. Кој доставува хуманитарна помош. И кој на сите ни обезбедува заштита од злосторство.
Ситуацијата на линијата на фронтот не претрпе значителни промени во текот на денот. Непријателот продолжува да ги тероризира пограничните региони на Сумската област, градот Харкив и регионите на Донбас. Вооружените Сили на Украина одговараат, вршат притисок и го уништуваат офанзивниот потенцијал на окупаторите од ден на ден. Треба да ги скршиме. Ова е тешка задача, бара време и натчовечки напори. Но, ние немаме алтернатива – се работи за нашата независност, за нашата иднина, за судбината на целиот украински народ.“







