ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: МВР ме информираше дека на протестите се планира нешто што не доликува на земја членка на НАТО

July 5, 2022 16:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според тоа што ме информираа од Министерството за внатрешни работи на протестите се планира нешто што не доликува на држава која е земја членка на НАТО и која претендира да стане земја членка на ЕУ, изјави премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел одговарајќи на новинарско прашање.

Според премиерот, тоа што се случува пред Владата е организирано од политички партии кои јасно застанале против членството на земјава во НАТО и во ЕУ.

– Република Северна Македонија е демократска држава која има најуредено законодавство и институции во однос на остварување на права на граѓаните по сите основи. Секој може да протестира. И јас сум протестирал. И кога требало да се бранат правата на студентите и кога требало да се бранат правата на професорите. Но, никогаш не се случило освен еднаш и сега вторпат да протестираат луѓе кои носат качулки, кои гаѓаат по полиција, да имаме повредени полицајци. Видовте вчера дека полицијата се повлече, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека се разговара за предлог доставен од Европската Унија, односно, како што рече, 27 земји членки претставувани до претседателот на Европскиот Совет Мишел доставија до Република Северна Македонија предлог за отпочнување на преговорите.

– Секој од нас во оваа држава е претставен преку пратениците во Собранието без разлика од која политичка партија се. И сите ќе мора да ја донесеме одлуката дали сакаме да отпочнеме преговори преку пратениците. На никој не му се криви полицајците кои ја извршуваа својата службена должност, ниту зградата им е крива. Предлогот е дојден од 27 држави, ставен е на широк консултативен процес во државата. Никој никому ништо не му криел, рече Ковачевски, додавајќи дека претседателот на Европскиот совет ќе го претстави предлогот и пред координаторите на пратеничките групи.

Според Ковачевски, се води транспарентен процес, бидејќи, како што рече, се што е предложено од ЕУ, е споделено со јавноста, на англиски и на македонски јазик./МИА/

Next Post

Рама: На праг сме на големо откритие на гас и нафта

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk