Овој европски компромис според мене е шанса и морам искрено да кажам имаше и претходно предлози, кога видов што стои во последниот документ бев изненаден. Оваа Влада во изминатите денови навистина интензивно преговараше и компромисот кој што сега е на маса како што јас го читам е вистински компромис и уште еднаш тука се земени во предвид барањата на македонската Влада и мислам дека тоа е знак дека Европа може да функционира тука, изјави Мануел Сарацин на средбата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
„Политиката на проширување и интеграцијата на Западен Балкан е клучна за тоа и германската Сојузна Влада би сакала и ние конечно да напредуваме. Многу е важно овој процес со Северна Македонија да мора да се заокружи, во ваш интерес, но и во интерес на Европската Унија. Време е да покажеме мудрост и да не бидеме сами на себе бариера“, рече Сарацин.