ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прераспределени над 7.000 предмети од пензионираните судии, нови кадри од декември

July 17, 2022 08:52
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 7.000 предмети од десет судови низ државава во кои неодамна се пензионираа поголем број на судии се прераспределени кај други судии и се веќе во работа, покажува анализата на МИА. Нови судии Судскиот совет најавува во декември, а според систематизацијата, испразнети се 200 судиски места. Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска за МИА вели дека бројката на нови судии превидени со „инфузијата“ е доволна, според неа, потребна е само добра организација. Од Академијата за судии и јавни обвинители, пак за МИА посочуваат дека голем број на случаи сè уште стојат нерешени токму поради недостигот на кадри во правосудството.

Согласно законските одредби, кога некој судија се пензионира или му прекинува мандатот од некоја друга причина, неговите предмети се распоредуваат кај другите судии. Од Судскиот совет велат дека ги испратиле решенијата за пензионирање до претседателите на судовите и тие преку АКМИС системот ги распределиле кај други судии.

– Однапред не можеме да кажеме колку предмети ќе застарат и дали воопшто ќе застарат. Сите судии вложуваат напори да ги завршат предметите за да не се соочиме со нивно застарување, велат од Судскиот совет.

Дека предметите се прераспределени покажува и анализата на МИА. Откако побаравме информации од 18 судови за бројот на предмети кои ги имале судиите на кои Судскиот совет на Република Северна Македонија на 407-та седница им констатираше престанување на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија, МИА доби одговор од 13 судови. Бројката на предмети кои пензионираните судии ги оставиле во „аманет“ на своите колеги изнесува 7.641.

Тројца пензионирани судии од Основниот Кривичен суд – Скопје имаат зад себе оставено најмногу, односно вкупно 1 600 предмети кои, како што велат од Кривичен, се веќе распределени кај други судии.

– Од Основниот Кривичен суд – Скопје во пензија заминуваат тројца судии од одделот Прекршоци – сообраќај, каде претходно веќе беа распределени да постапуваат шест нови судии кои беа избрани во текот на минатата година, стои во нивниот одговор до МИА.

Оттаму посочуваат дека се работи само за предмети од одделот Прекршоци – сообраќај, кои, како што велат, „не се и не може да бидат итни и притворски“ и во чие постапување, како што наведуваат, „нема да има никакво одолговлекување предизвикано од прераспределувањето кај други судии“.

Основниот граѓански суд е втор по ред суд со најмногу распределени предмети, вкупно 1.447. Оттаму велат дека се разрешени шест судии поради исполнување на условите за пензија, кои имале вкупно 766 предмети во работа, а на седницата одржана на 7 јули,  разрешен е уште еден судија поради исполнување на истите услови, кој во работа имал 681 предмет.

Од судот велат дека предметите се распределени, а како што наведуваат во одговорот, судот е во фаза на физичко примопредавање на предметите на судиите кај кои истите се распределени.

Најмалку распределени предмети има во Вишиот Управен суд, од каде се пензионираа четворица судии со вкупно 179 предмети оставени „во работа“.

Бројката од 7.671 ја дополнуваат распределените предмети од Основен суд Битола со одделение Демир Хисар (1402), Основен суд Тетово (1014), Основен суд Радовиш (774), Основен суд Струмица (482), Основен суд Куманово (360), Апелационен суд Скопје (228), и Основен суд Штип со одделение во Пробиштип (185).

Апелационите судови во Гостивар и Штип и Основниот суд Кавадарци одговорија дека пензионираните судии во моментот на достигнување на старосната граница за пензија немале предмети во работа. Додека, судовите кои до моментот на објавувањето на овој текст не одговорија, а до нив доставивме прашања, се Апелационен суд Битола, Врховен суд на Република Македонија и Основните судови во Крушево, Прилеп и Струга.

Ревидирањето на судската мрежа предуслов за подобра организација на судскиот систем

На прашање дали последниот голем бран пензионирани судии ќе се одрази врз ефикасноста на судскиот систем, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, одговори дека прво треба да се направи добра анализа и да се ревидира судската мрежа, за да се утврди колку судии се потребни во Република Северна Македонија, согласно европските критериуми за пристап до правдата, да се оценат клучните фактори, а тоа е бројот на жители и бројот на предмети во судовите, особено по одржаниот попис во 2021 година.

Фото: Нова Македонија

– Колку што сум јас информирана ваква анализа не е направена. Понатаму, треба да се преиспита дали е потребно во секој град да има суд или можеби би требало некои од судовите да бидат трансформирани како одделенија на поголемите судови во соседните градови. Дури тогаш можеме да кажеме дали пензионирањето на судиите ќе се одрази врз ефикасноста на судскиот систем, смета таа.

Нејзино лично видување, како што вели, е дека пензионирањето на судиите нема значително да влијае врз ефикасноста на судскиот систем ако има добра организација и менаџирање.

Од Судскиот совет, пак, велат дека постојано прават анализи и надвор од вакви ситуации, и секогаш кога има потреба од делегирање на судии во друг суд. Дополнуваат дека и во моментов се прават анализи за неопходноста од делегирање на судии.

– Доколку го следиме европскиот просек на судии, тогаш, имаме речиси доволен број судии во однос на бројот на населението од последниот попис, велат оттаму.

Испразнети 200 судиски места, нови судии во декември

Најавената „инфузија“ со нови судии од Советот посочуваат дека ќе се случи во декември годинава со нови 30 судии, додека, по две години ќе има и нови 55 судии. Според систематизацијата, како што наведуваат, во моментов се испразнети околу 200 судиски места. Оттаму информираат дека во текот на 2023 година ќе се пензионираат 40-тина судии и посочуваат дека судството има доволно квалификуван кадар за извршување на својата функција.

Кацарска вели дека бројката на судии предвидена во „инфузијата“ од Судскиот совет е сосем доволна.

– Сосема е доволна оваа бројка на нови судии, а матичната институција надлежна за ова прашање е Судскиот совет, кому му останува обврската да направи добар распоред на судиите, соодветно да ги ангажира, согласно потребите на судовите. Јас верувам дека идните судии ќе внесат нова енергија и ќе бидат ентузијасти кои многу ќе придонесат за ефективноста и ефикасноста и следствено на тоа, со чесна работа ќе го поправат угледот на судството, посочува таа.

На прашањето за генералната потреба од нови судии во правосудството во нашата држава и дали механизмот на генерирање нови само преку Академијата за судии е доволен за да се обезбедат истите, таа вели дека не би можела да шпекулира со бројки.

 – Тоа е сепак надлежност на Судскиот совет од кој што се очекува да направи солидна и поткрепена  анализа, која ќе изобилува со факти и ќе ги лоцира реалните потреби на секој суд. Сметам дека Судскиот совет значително доцни во овој поглед, рече претседателката.

Академијата за судии и обвинители во моментов ја следат 156 слушатели, до крајот на годината се очекува завршниот испит да го полагаат 59 

Од Академијата за судии и обвинители за МИА информираат дека во моментов практичната настава ја следат 59 слушатели од седмата генерација, а теоретска настава следат 97 слушатели од осма генерација, што значи, тековно обуката ја следат вкупно 156 слушатели.

– Се очекува од крајот на 2022 година, слушателите од седмата генерација (59 слушатели) да го полагаат завршниот испит во Академијата, наведуваат во одговорот.

Во врска со информација за почеток на нова обука и колку кандидати се очекува да бидат примени, од Академијата велат дека оглас за прием во почетна обука за нова генерација на слушатели сè уште не е објавен и не располагаат со конкретна информација кога истиот ќе биде објавен.

– Согласно проекцијата која ја добивме од Судскиот совет на РСМ, бројот на слободни судиски места за основните судови во Република Северна Македонија изнесува 150, а согласно проекцијата на СЈОРСМ, бројката на слободни места за јавни обвинители изнесува 95. Имајќи предвид дека новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители е во собраниска процедура, чекаме негово донесување и влегување во сила, по што Управниот одбор на Академијата ќе одлучува по добиените проекции за слободни места од Советите, наведуваат оттаму.

Од Академијата велат дека согласно позитивните законски прописи во земјата, не постои можност слободните судиски и јавнообвинителски места да бидат пополнети со лица кои само имаат одредено искуство во правосудство (како адвокати), а кои ја немаат успешно завршено почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители.

– Постапката за избор на судија или јавен обвинител се одвива така што ССРСМ/СЈОРСМ донесува одлука за објавување на оглас за избор на судија или јавен обвинител веднаш по испразнување на судиското или јавнообвинителското место, или по утврдена потреба. Советот избира судија или јавен обвинител од ранг-листата на кандидати доставена од Академијата за судии и јавни обвинители што се јавиле на огласот. ССРСМ/ СЈОРСМ изборот на судија или јавен обвинител од редот на кандидатите што ја завршиле почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители го врши редоследно според постигнатиот успех утврден во конечната ранг-листа објавена од Академијата, појаснуваат оттаму.

Дополнуваат дека стручен соработник во суд може да стане секое лице кое ги исполнува условите предвидени со Законот за судските службеници, додека, за судија единствено може да биде избрано лице кое успешно ја има завршено обуката во Академијата за судии и јавни обвинители и со тоа се стекнал со статусот на кандидат за судија.

Голем број на случаи сè уште стојат нерешени токму поради недостигот на кадри во правосудството, посочуваат од Академијата. Судовите и јавните обвинителства, според нив, се трупаат со нови тековни предмети, предизвикувајќи застој во правосудниот систем, што, пак, како што велат „дополнително влијае и на квалитетот на донесените одлуки“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

На граничниот премин Богородица се чека околу 30 минути, а на Табановце до еден час

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk