ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССК се вклучува во креирање решенија за имплементацијата на договорите од „Отворен Балкан“

July 26, 2022 16:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателите на Сојузот на стопански комори на Македонија, Горан Ѓоргиевски и Сашо Дукоски како дел од владината делегација во Тирана учествуваа на состаноците на меѓувладините работни групи и стопанските комори во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ каде се дискутираше за детална имплементација на постигнатите договори. Во фокус на дискусијата на средбите беше изнаоѓање на заеднички механизми за постигнувањето на енергетска стабилност во регионот, како и надминување на предизвикот за обезбедување на доволни количини на основни прехранбени производи, информираат од ССК.

Формирани се пет работни групи, комисии, а во рамките на нивните активности ќе се подготват конкретни решенија за операционализација и имплементација на веќе постигнатите договори во рамките на „Отворен Балкан“. Потпретседателот на Сојузот и претседател на Агро-бизнис комората, Ѓоргиевски како член на работно тело учествуваше на панелот “Безбедност на храна: решенија, инструменти и мерки“.

Работните состаноци беа исклучително ефикасни. Постигнат е договор да се направи драфт верзија на протокол со кој ќе се постигне елиминирање на царинските и транспортните бариери кои сега постојат и ќе се поедностават процедурите поврзани со Агенција за храна и ветеринарство и со Фитосанитарна инспекција. Овој протокол очекуваме да биде усогласен и потпишан од претставници на трите држави во септември во Белград, истакнал Ѓоргиевски.

Потпретседателот на Сојузот Сашо Дукоски, како дел на комисија, учествувал на панелот посветен на изнаоѓање на можности за унапредувањето на трговската размена и синџирите на снабдување. Бизнис секторот ги детектира слабостите во  движењето на стоките, работните дозволи и движењето на капиталот. Сојузот исто така ја адресира потребата да отворат „зелени ленти“ на граничните премини и за патничкиот сообраќај, а не само за товарниот.

Особен акцент бил ставен на изнаоѓање на решенија за надминување на енергетската криза.

Договорено е на државно ниво да се направи проценка на енергетските баланси на сите држави, како и на можноста за споделување на капацитети и заеднички инвестиции во зависност од тоа која држава каква компаративна предност има. Се планира и зголеменото производство да може да се користи по повластени цени од страна на државите кои се дел од иницијативата доколку имаат потреба, истакна Дукоски.

Сојузот на стопански комори верува дека иницијативата „Отворен Балкан” во која засега освен земјава членуваат и Албанија и Србија, ќе биде проширена и со вклучување на другите држави од Западен Балкан и дека преку нејзините активности ќе се постигне економски раст на регионот како и негово приближување до Европската Унија.

Препознавајќи го потенцијалот на регионалната соработка Сојузот поддржува и други регионални иницијативи, меѓу кои и „Зелен навигатор за Западен Балкан“ која преку финансиска поддршка и трансфер на знаење и искуство на претпријатијата ќе им обезбеди побрза зелена транзиција. 

Next Post

Орбан критикуван поради неговите ставови за „мешање на раси“

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk