ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Спасовски: И Воздухопловите на МВР ставени на располагање при гаснење на пожарите

July 28, 2022 19:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Авионите се во функција, како и воздухопловите на АРМ. Дополнително имаме два воздухоплови на МВР, кои до годинава не можеа да бидат употребувани за гаснење пожари, а сега се оспособени и со персонал и во овој момент се ставени на располагање при гаснење на пожарите, рече денеска во Собранието министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во одговор на пратеничко прашање.

– Армијата има два воздухоплови кои се опремени со опрема за гасење на пожари. Министерството за внатрешни работи до минатата година немаше таков капацитет, но сега преземавме мерки, извршена е набавка на опрема и извршена е обука на кадрите, и имаме два воздухоплови на рапсолагање за гаснењето на пожарите, кои и во овој момент се ставени на располагање, рече Спасовски.

Во однос на авионите за гаснење пожари „Ер-трактори“, Спасовски информираше дека вториот „Ер-трактор“ до 5-ти август треба да се врати од ремонт, а првиот веќе е во функција и учествува во гаснењето на пожарите.

-Минатата година имавме проблем затоа што не беа сервисирани авионите кои се во Дирекцијата за заштита и спасување, а тоа се „Ер-трактори“. За оваа година е направен ремонтот на овие авиони, еден е веќе во функција а вториот треба да биде испорачан од 5 август од ремонт. Едниот веќе учествува во сите овие пожари кои ги има, рече Спасовски.

Според министерот за внатрешни работи, треба да се воспостави еден систем на хиерархија и субординација и секој да си ги земе работите во свои раце за тоа што е задолжен.

-Подеднакво мора да се постапува врз основа на постојните законски решенија, а тоа е и Законот за управување со криизи и Законот за заштита и спасување, и ќе мора да се тргнува од најниско ниво. Тоа значи дека сите противпожарни бригади мора да бидат ставени во функција на локално ниво и тие се првиот одговор на било која катастрофа која ја има па и во делот на пожарите, додаде Спасовски.

Тој рече дека во делот на справување со пожарите, добро е што се разговара за ова прашање и пожелна е поопсежна дебата.

-Не треба да разговараме само кога имаме такви проблеми. И минатата година се соочивме со голема стихија, за која се направија вистински штети и тоа покажува дека мора да се консолидира тој степен на заштита. Верувајте дека мора да се преземат радикални мерки за управување на системот со кризи. Овој модел кој го има С. Македонија не е најсоодветен, бидејќи има две независни агенции за управување со кризи. Клучно е да се воспостави систем. Подеднакво мора да се постапува согласно законите. Ќе мора да се тргнува од најниско ниво. Сите противпожарни бригади мора да бидат ставени на локално ниво, рече Спасовски.

Next Post

Задорожњук се повлекува од амбасадорската позиција: Македонија е во моето срце засекогаш

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk