Во индискиот град Ченај започна 44. шаховска Олимпијада на која ќе настапат и македонската машка и женска репрезентација.
Првото од предвидените 11 кола ќе се игра денеска со почеток во 15 часот по локално време.
Досега во Ченај се пријавени 188 репрезентации во машка и 162 во женска конкуренција, а поради руската инвазија врз Украина на репрезентациите на Русија и Белорусија им е забранет настапот на Олимпијадата.
Женската репрезентација, предводена од селекторот Љубиша Андоновски, е во состав: Моника Стојковска (2.086 рејтинг поени) Ивана Манова (1.853), Драгана Николовска (1.904), Леа Ефтовска (1.610) и Моника Жежовска (1.611).
Селекторот на машката репрезентација Трајко Недев се одлучи за Звонко Станојоски ВМ (2407), Емил Ристески ФМ (2.391), Тони Лазов ИМ (2.377), Никола Николовски ИМ (2.372) и Андреј Вељаноски – (2.200).
На големо изненадување Кина, која ги брани златните медали од 2018 година, не пријави свои репрезентации во Ченај што значително ќе ја ослабне конкуренцијата за олимписките одличја.
Првата шаховска Олимпијада се одржа во холандскиот град Емен во 1957 година.
Ј. Ѓ.









