ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зеленски: Не постои и не може да има никаков услов под кој секој руски напад врз Украина станува оправдан

August 5, 2022 11:47
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Секој што ја амнестира Русија и кој вештачки создава таков информативен контекст дека некои напади од терористи се наводно оправдани или наводно разбирливи, не може да не сфати дека тоа им помага на терористите. А ако пишувате такви манипулативни извештаи, тогаш со нив ја делите одговорноста за смртта на луѓето, истакна украинскиот претседател Зеленски во своето обраќање.

„Руските терористи денес нанесоа нов удар во Торецк, Донецка област, по постојка за јавен превоз. Осум лица загинаа, три деца се повредени. Од фрагменти од проектил и од експлозивниот бран оштетени се станбени згради – обични висококатници. Оштетена е и црквата Свети Пантелејмон, свештеник е повреден.

Тоа беше намерен удар на окупаторите, уште еден чин на терор – циничен и пресметан. Знаеле каде напаѓаат и очигледно сакале луѓето да бидат повредени.

Меѓутоа, во врска со ова и илјадници други злосторства извршени од руски терористи, не гледаме јасни и навремени извештаи од некои меѓународни организации. Денес видовме сосема поинаков извештај од Amnesty International, кој за жал се обидува да ја амнестира терористичката држава и да ја префрли одговорноста од агресорот на жртвата.

Не постои и не може да има – дури и хипотетички – никаков услов под кој било кој руски напад врз Украина станува оправдан. Агресијата врз нашата држава е неиспровоцирана, инвазивна и отворено терористичка. А ако некој направи извештај во кој наводно на некој начин жртвата и агресорот се исти, ако се анализираат некои податоци за жртвата и се игнорира што правел агресорот во тој момент, тогаш тоа не може да се толерира.

Речиси 200 верски објекти – храмови и молитвени куќи од различни конфесии – беа оштетени или уништени од руските напади. Речиси 900 медицински установи. Над 2.200 образовни институции. Десетици универзитети, стотици училишта и градинки. Окупаторите повеќепати намерно пукаа со артилерија и минофрлачи кон редици со луѓе кои чекаа вода, кон автобусите за евакуација и постојано извршуваа напади врз постојките на јавниот превоз. Руската армија не застана пред да удри дури и по спомениците на жртвите од Холокаустот, по гробишта… По логорот со воени заробеници во Оленивка. И нема извештаи за тоа поради некоја причина. Еве таква е неморалната селективност.

Секој што ја амнестира Русија и кој вештачки создава таков информативен контекст дека некои напади од терористи се наводно оправдани или наводно разбирливи, не може да не сфати дека тоа им помага на терористите. А ако пишувате такви манипулативни извештаи, тогаш со нив ја делите одговорноста за смртта на луѓето.

Секојдневно ги прошируваме можностите на нашата надворешна политика – формални и неформални. Денес разговарав со претставници на африканските мас-медиуми – од Нигерија, Јужна Африка, Кенија и Гана. Африканските земји може многу сериозно да страдаат поради дестабилизацијата на светските пазари и глобалните односи предизвикани од Русија, вклучително поради кризата со храна. А во исто време, во Африка има недостиг на вистинити информации за руската војна против нашата земја и вишок на руска пропаганда. Ќе направиме се за да ја промениме оваа рамнотежа.

Преговорите со Претседателот на Гвинеја-Бисао се одржаа за прв пат во историјата на нашите билатерални односи. Забележав дека Украина е подготвена да биде гарант за безбедноста на храната за африканските земји. Разговаравме за поддршката на нашата држава во меѓународните организации.

Утре – нови преговори со лидерот на една африканска земја, и воопшто, дури неодамна почнавме соодветна комуникација со осум лидери на африкански држави.

Секојдневно и на различни начини, потсетувам некои лидери на Европската унија дека украинските пензионери, нашите имигранти, нашите наставници и другите луѓе кои зависат од буџетските плаќања не можат да бидат заложници на нивната неодлучност или бирократија. Моментално се блокирани 8 милијарди евра за Украина. А, ваквото вештачко доцнење на макрофинансиската помош за нашата држава е или злосторство или грешка и тешко е да се каже што е полошо во вакви услови на војна од големи размери.

Не сакам да именувам која европска земја сега го забавува овој процес. Да веруваме дека сепак тоа е грешка и дека ќе се исправи.

Денес одржав состанок на Штабот на Врховниот командант. Министерот за одбрана на Украина Олексеј Резников извести за тековното снабдување на војници со опрема и муниција. Главниот командант Залужниј, раководителот на СБУ Маљук, Министерот за внатрешни работи Монастирски, исто така известија. Тие ја анализираа ситуацијата во најакутните области на фронтот, особено во Донецката област. Особено внимание беше посветено на состојбата со спроведувањето на претходните одлуки на Штабот, сите тие мора да бидат спроведени 100%.

Потпишав уште еден указ за доделување награди на нашите војници. На 192 борци им беа доделени државни награди, од кои шест постхумно. Вкупно, повеќе од 25.500 наши бранители веќе се наградени за храброст и делотворност во битките од 24 февруари. Повеќе од 4 илјади – постхумно.“

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Кина воведе санкции кон Ненси Пелоси по нејзината посета на Тајван

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Одредени политички партии и групации сакаат да профитираат политички од подметнатите пожари

September 16, 2025

Шукова: Ангелов со силеџиската изјава за  Ромите го открива вистинското лице на власта

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk