ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Објавен е најновиот гејмплеј трејлер за играта “Gotham Knights”

August 8, 2022 15:46
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Најновиот “гејмплеј” трејлер за “Gotham Knights” е извадок од почетокот на приказната во најновата игра што изобилува со многу подобрени карактеристики, како прекачување по ѕидови што е подобро анимирано од Assassin’s Creed, употреба на “grappling hook” за брзо патување и “silent takedowns” од високо и од стелт. Графиката е впечатлива и има глатка транзијата помеѓу “гејмплеј” и “cutscenes”.

Детективскиот “мод” во играта преку кој истражувате има транзиција од трето во прво лице, со фотографија со висока резoлуција во текот на дејствувањето. Загатките се интересни и не се решаваат “на прва рака”, но ако ги следите трагите и употребите основна логика, инструкцииите ќе ве наведат на решението, односно самата игра покажува и открива како да продолжите.

Атмосферата е “мрачна Готам” атмосфера но колоритот на костимите на суперхероите и суперхериоините ја прави играта попривлечна и за помладите генерации, иако мора да се напомене дека во играта има доста сцени со назнака “blood and gore” и гротекстни сцени. Проследете го трејлерот и сами пресудете дали ви се допаѓа играта:

Што се однесува до приказната, дејството се одвива по смртта на Бетмен, а неговите следбеници и наследници, како Бетгрл, Најтвинг, Робин и Редхуд продолжуваат со борбата против криминалците, бандите и мафијашите. Иако ова се некогаш споредни ликови кои сега стануваат главни, реално нашата публика полека и сигурно надокнадува за недостигот на стрипови и филмови што сега се подостапни за поновите генерации.

Во однос на ликот на Робин, во играта има повеќе “Робини” и иако сите се посинети синови на Бетмен, дури и биолошкиот негов син станува Робин, и го има во најдобриот цртан за Бетмен, Batman The Animated Series. Но, секако највпечатлив бивш “Робин” е Најтвинг и не е залудно земен за “posterboy” за играта. Тој изгледа најдобро од сите бивши “Робини” и има најкул костум и е вешт во боречките вештини со тонфи(пендреци со рачка) и ескрими (кратки стапови за борење) и кога се бори исто како Бетмен: не убива – затоа и одбира кратки стапови како избор на оружје.

За дилемата дали Бетмен убива или не – главниот наратив е дека не убива, но имаат направено почетна грешка во првичните стрипови, во кои користи и пиштол и тоа така останало. Покрај тоа, не пречи на наративот и супер филозофијата на неубивање.

Додека порано “Бонели” стриповите и стрип албумите беа единствен избор и немаше многу суперхеројски стрипови и филмови во однос на западната публика, многу малку се знаеше на Балканот за суперхероите. Сепак, ги имавме Супермен и Бетмен на филм.

Сега новите генерации имаат преку 20 Марвел филмови и 3-4 верзии на Бетмен и Супермен. Повеќето млади ги преферираат Марвел филмовите наместо оние на DC Comics, поради тоа што се поколоритни и подобро направени и имаат поразновиден “ростер” на суперхерои. Секако дека и хуморот игра голема улога.

Филмовите од или базирани на ликови од DC се исто така добри, а пример за тоа е првиот Wonderwoman филм со глумицата Gal Gadot. Ривалитетот помеѓу Марвел и DC е до некоја мера вештачка конструкција на фановите, затоа што има многу “кросовери” односно здружување на ликови од двете фирми одамна во времето кога тоа беше нормално, а сега е нешто посебно.

Ова е слично на спротиставените страни на “Star Wars” и “Startrek”. Џорџ Лукас и Џин Роденбери (креаторите на овие франшизи) биле соработници и општо го пробивале патот еден за друг во кариерите и двајцата пробивале со научна фантастика во филмот.

Тие си ги сакале меѓусебно филмовите и сериите, фановите го направиле ривалитетот. Сепак, има и мислења дека се работи за “воена тактика” од “стариот Рим” применета на глобален пазар, односно максимата “Подели па владеј”. А може да е и тоа и тоа.

Инаку, играта “Gotham Knights” е во изработка на Warner Bros Montreal Studios и е еден вид продолжение на “Бетмен Аркам” сериjалот. Го има истиот комбат кој го позајмија и за правењето на игрите “Shadow of War” и “Shadow of Mordor” од “Lord of the Rings” темата што беше од истата фирма WB. Играта “Gotham Knights” првпат беше најавена во 2020 година со премиерниот трејлер:

А пред “гејмплеј” трејлерот, неодамна имаше и нов трејлер кој го имаме покриено со претходен напис. Датумот на излегување на играта е 25 октомври 2022, но веќе се гледа дека може да сe oчекува солидна забавна и добра игра кога ќе излезе.

Извор: МЕТА

 

Next Post

Гутереш: Нападот врз украинската нуклеарна централа е „самоубиствен“

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 12 мај 2026: Експлозивен нов почеток и силна акција

May 11, 2026

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk