ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албанија платила 1,5 милиони евра за изработка на договорот за морската граница со Грција

August 9, 2022 16:49
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанската Влада минатата година потрошила околу 1,5 милиони евра за изработка на договорот за испраќање на прашањето за морската граница со Грција до Меѓународниот суд на правдата.

Министерството за финансии ја откри владината одлука и тоа дека сумата е издвоена од државниот резервен фонд, не наведувајќи детали која компанија ја добила обврската да го подготви текстот на договорот. За оваа работа и поранешниот претседател на државата Илир Мета изјави дека нема официјални информации, јави Ора њуз.

Според истиот извор преговорите меѓу Грција и Албанија за „поделба на морето останаа на нејасна точка“, а страните досега најавија дека ќе се обратат до Меѓународниот суд за решавање на граничните точки.

Иако има малку податоци од преговарачката група која доби целосна моќ во 2018 година, албанската Влада презеде конкретни чекори.

– Според податоците од фактичкиот буџет во 2021 година, за одобрување на договорот со предмет на консултантски услуги за изработка на нацрт-договорот што ќе се склучи меѓу Албанија и Грција, за упатување на прашањето за разграничување на поморските области на Меѓународниот суд на правдата. Фондот е префрлен во Министерството за надворешни работи со одлука на владата од 4 април 2021 година. Понатаму преку објавените табели се појаснува дека уште 35 милиони леки или околу 300.000 евра и биле дадени на Националната агенција на информатичко општество, наведува телевизијата.

Исто така потсетува дека поради застојот на случајот дошло до судир од далечина меѓу поранешниот претседател Мета и министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, кој изјави дека „шефот на албанската држава станал пречка случајот да се испрати на суд“.

Но, како одговор Мета изјави дека тој не станал пречка, туку дека побарал појаснување од премиерот Еди Рама, но истото не го добил. Сега потписот за продолжување на процесот ќе треба да го даде новиот претседател Бајрам Бегај./МИА/

Next Post

МОН: Формирана е Комисија за повлекување на учебникот Социологија за втора година гимназиско образование

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk