ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општина Центар ги додели субвенциите за поправка и санација на лифтови и покриви на згради во општината

August 17, 2022 13:32
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Врз основа на јавниот повик за финансиска подршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар, оваа година одобрени се субвенции за реконструкција на 9 лифтови и 1 покрив на колективни станбени објекти постари од 15 години. Вкупната сума обезбедена за јавниот повик изнесуваше 3.000.000 денари, а искористени се 1.873.394 денари, информираат од Општина Центар.

Заедниците на станари аплицираа за поправка на лифт за кој со технички преглед, извршен од овластено акредитирано независно правно лице, е утврдено дека е технички неисправен и/или за модернизација на лифтови и нивно усогласување со безбедносните барања и подобрување на безбедноста на постојните лифтови во согласност со Законот за техничка инспекција и Правилникот за користење лифтови и транспортери.

Од Општина Центар истакнуваат дека финансиската поддршка за реконструкција на покриви и кровни покривки е наменета за замена на постојните азбестни салонитни покривки со еколошки на колективни станбени објекти и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси под условите што беа наведени во јавниот повик.

Оваа година ќе се изврши поправка и санација на лифтовите на следните згради: ул. „Орце Николов“ бр. 98; ул. „Народен Фронт“ бр.7, бр.11, бр.5/37, бр. 23 влез 2 и бр. 27; булевар „Кочо Рацин“ бр. 8; ул. „Козара“ бр. 64 влез 3 и булевар „Партизански одреди“ бр. 7/1 влез 1, а субвенции за поправка на покривот добија станарите на зградата на ул. „Народен Фронт“ бр.23 влез 1.

Ова е петта година по ред како Општина Центар ја реализира програмата за субвенционирање на поправка и санација на лифтови и кровни конструкции, а досега реконструирани се вкупно 102 лифтови и кровни конструкции на колективни станбени објекти во општината.

Next Post

(ВИДЕО) Претрес во Битола, запленета е дрога во вредност од околу 800.000 евра, приведени 5 лица

НАЈНОВО

Не е за пиење водата во Тетово поради голема заматеност

October 27, 2025

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

October 27, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk