Според податоците собрани од Институтот за јавно здравје за последните 3 дена – од 19 до 21 август, има 614 нови случаи на ковид-19 во земјава.
Во погоренаведениот временски период, направени биле 1.804 тестови.
Најголем дел од новите случаи се во Скопје – 266, по што следуваат Битола со 51, Кавадарци со 43, Прилеп со 31 и Охрид со 29 нови случаи. Во другите градови бројките на нови случаи се пониски.
Од вкупниот број позитивни случаи (614), регистрирани се 132 реинфекции на ковид-19, а во изминатите три дена се регистрирани и 1.014 оздравени пациенти.
Во периодот од петокот до вчера биле пријавени 10 смртни случаи од ковид-19 – по 2 починати лица од Охрид (70г и 88г) и Куманово (73г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Велес (80г), Гостивар (81г), Струмица (82г), Пробиштип (76г) и Штип (85г). Сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени смртни случаи од периодот претходно.
Досега во земјава се направени вкупно 2.143.260 тестирања за ковид-19, а вкупната бројка регистрирани случаи изнесува 338.120. Бројот на оздравени пациенти е 325.645, на починати е 9.450, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 3.025.