ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Русковска останува суспендирана, Советот на јавни обвинители ја отфрли жалбата

August 24, 2022 12:22
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија на денешната 63-та седница, едногласно одлучи жалбата за суспензијата на обвинителката Вилма Русковска да се отфрли како неоснован, пренесува МИА.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, рече дека Советот, со ова го потврдува решението на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески од 16 август годинава.

Со ова обвинителката Русковска останува суспендирана од својата функција.

Седницата на Советот на ЈО, за време на дискусијата по жалбата на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК Вилма Русковска, беше затворена за јавноста, за како што појасни претседателот на Советот Јолевски, заштита на интегритетот на сите јавните обвинители и предметите, кои се дел од списите.

Советот на ЈО работи со осум од 11 члена, бидејќи двајца се пензионирани и се уште нема избрано нови, а обвинителот Љубомир Јовески не присуствуваше поради конфликт на интереси.

Републичкиот јавен обвинител, Јовески врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатата недела донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција.

Обвинителката Вилма Русковска, минатата недела поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за суспензија на правото и суспендирање на правдата“.

Next Post

Фејсбук-корисници пријавуваат проблеми со објавите

НАЈНОВО

Филков: Интерпелацијата за Коцевски е силен показател за тоа во кој правец би требало да се движат работите

August 9, 2025

Никола Бадев, бардот на македонската народна песна – Момите лудувале по него и по неговиот кадифен глас

August 9, 2025

Локални избори- шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

August 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Халкидики се удави 75-годишна македонска државјанка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е „Сторм-1516“- групата за дезинформации поврзана со Кремљ која стои зад руските лажни наративи што ја преплавуваат Европа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина новинарката Јулијана Тануровска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk