ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Презентирани два предлог ДУП-а за просторот околу Кале, анкетни листови ќе се доставуваат до 16 септември

August 29, 2022 16:12
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Музејот на современа уметност завршија јавните презентации на двата предлог детални урбанистички плана за населбата Кале при што се предвидува помала катност на објектите и зачувано зеленило на површина од 30.000 м2.

Како што соопштија од Општина Центар, Секторот за урбанизам при Општината, заедно со претставници од планерската куќа која ги изработуваше плановите, на жителите од населбата им ги презентираа измените и придобивките од новите планови.

-Од 20-ти јули до 16-ти септември, предлог-деталните урбанистички планови за Градска четврт-ЦС 01 Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2 и Градска четврт-ЦС 14 Кале и СРЦ Кале се изложени на јавна анкета во читалната „Славко Јаневски“ и до завршувањето на тој рок, граѓаните може да поднесуваат анкетни листови. Поради тоа што е период на летни одмори, јавните анкети траат 41 работен ден, наместо законскиот минимум од 10 работни дена, наведуваат од Општина Центар.

Во моментов на територијата на градските четврти ЦС 01 и ЦС 14 има вкупно седум важечки детални урбанистички планови за поединечни блокови, донесени во 1993, 2002, 2004, 2009, 2010 и два во 2012 година. Некои од нив ги има само во хартиена форма, а територијата на Калето и Музејот на современата уметност досега воопшто не била третирана со детален урбанистички план. Со завршувањето на постапките за овие две градски четврти, како што се посочува, ќе се добијат два детални урбанистички плана, кои се дигитални и меѓусебно интегрирани.

Покрај останатите придобивки, на дел од спортско-рекреативниот комплекс „Кале“ во стариот план е предвидена изградба на хотелски комплекс со приземје + 6 ката + поткровје, од кој дел се наоаѓа на државно земјиште. Во новиот план, се потенцира, на хотелскиот комплекс му е намалена катноста на приземје + 3 ката, а државното земјиште се пренаменува во парковско зеленило на 3074 м2.

На местото, пак, каде што според стариот план беше предвидена изградба на објект за спорт и рекреација, во новиот план на целата градежна парцела има зеленило, на површина од 15980 м2. На местото каде е предвиден хотелски комплекс со приземје и два ката со развиена површина од 12597 м2, ќе се гради приземен објект со вкупна развиена површина од 5963.

Јавен паркинг и парковско зеленило на површина од 7860 м2 се предвидени за реализација во новиот план, на местото на катна гаража со осум нивоа и развиена површина од 58816 м2, а на местото каде претходно беше вцртан објект со категорија В4 – државни институции, ќе никне првата детска градинка во населбата „Кале“, на приземје и еден кат, со развиена површина од 565 м2, посочуваат од Општината.

Плановите ќе бидат изложени во читалната „Славко Јаневски“ до 16 септември, период во кој граѓаните ќе можат пополнетите анкетни листови да ги доставуваат до Општината, стои во соопштението.

Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Бесими на средба со Реме и Холштајн: Продолжува поддршката од КФВ банка

НАЈНОВО

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk