Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 26.08 до 28.08.2022), направени се 1.561 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 205, Битола – 34, Охрид – 22, Куманово – 20, Прилеп – 14, Кавадарци и Делчево – 11, Тетово – 10, Кочани – 8, Велес – 7, Штип – 6, Гостивар – 5, Кичево, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Берово – по 4, Ресен и Богданци – по 3, Струмица , Радовиш и Дебар – по 2, Струга, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (389), регистрирани се 94 реинфекции.
Регистрирани сe 698 оздравени пациенти од: Скопје – 335, Битола – 54, Куманово – 37, Кавадарци – 35, Прилеп, Охрид и Гевгелија – по 20, Тетово – 17, Кочани – 16, Неготино – 15, Штип и Берово – по 14, Струмица – 12, Гостивар – 11, Велес и Радовиш – по 10, Богданци – 7, Кичево и Струга – по 6, Крива Паланка, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Демир Хисар – 4, Валандово – 3, Ресен, Дебар, Крушево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Никопе и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (19.08 – 21.08.2022) пријавени се 2 починати лица, од Скопје (79г и 85г),Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 2 починати лица од Скопје (76г) и Кичево (63г),лицата се починати во домашни услови .Лицата се пријавени за починати во период од 18.08.2022-22.08.2022
Направени се 1.561 тестови преку: ИЈЗ-177, ЦЈЗ Скопје-143, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-3, ЦЈЗ Тетово-12, ЦЈЗ Куманово-38, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–69, Жан Митрев (Филип Втори)-27, Авицена-30, Биотек-211, Систина-61, лабораторија Лаор-14, Синлаб-4, Ремедика-9, Плодност-8, Генеа-10, Никоб Лаб-44, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-10, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 601.
Досега во земјата се направени вкупно 2.149.075 тестирање на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.881, бројот на оздравени пациенти е 328.478, на починати е 9.477, а бројот на активни случаи изнесува 1.926