ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Макрон: Поделбата во Европа е една од целите на руската војна во Украина

September 1, 2022 19:49
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поделбата во Европа е една од целите на руската војна во Украина, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон. Шефот на државата додаде дека за ова прашање од клучно значење е Европејците да останат обединети.

Не смееме да дозволиме поделба во Европа, ова е предизвик со кој се соочуваме секој ден, рече Макрон во говорот што го одржа пред француските амбасадори во странство собрани во Елисејската палата.

Тој изрази надеж дека дијалогот со Русија сепак ќе продолжи, нагласувајќи дека „секогаш треба да може да се разговара со сите, особено со оние со кои не се согласуваме“.

Кој сака Турција да биде единствената светска сила која продолжува да разговара со Русија? Не смееме да подлегнеме на каква било форма на лажен морал што би не оставил немоќни. Работата на дипломатот е да разговара со сите, особено со луѓето со кои не се согласува. И така ќе продолжиме, во координација со нашите сојузници, додаде тој, потсетувајќи дека поделбата во Европа е една од целите на руската војна во Украина.

Макрон е еден од ретките европски лидери кои се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари. Последниот телефонски разговор меѓу Макрон и Путин се одржа на 19 август и јсе однесуваше на нуклеарната централа Запорожје и мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Макрон тврди дека светските сили веќе треба да се подготват за испреговаран мир за да се стави крај на конфликтот што трае повеќе од половина година. Во исто време, тој нагласи дека зависи од Киев да одлучи за времето и условите.

Мораме да се подготвиме за долга војна. Мораме да избегнеме ескалација и да подготвиме мир. Подготвувањето мир значи да разговараме со сите страни, како што направив со Русија пред само неколку дена. И ќе го направам тоа повторно. Договорениот мир нема да биде под услови кои би ја навеле Украина да стекне впечаток дека сме ја препуштиле на судбината

Макрон тврди дека западната воена помош за Украина, вклучително и онаа на Франција, и овозможи на земјата да се спротивстави на руската инвазија многу поефективно отколку што предвидуваа многу експерти. Русија го предвиде истото, додаде францускиот претседател.

Ние не учествуваме во војната, но не можеме да дозволиме Русија да победи во оваа војна со освојување територии. Тоа би било пораз за меѓународниот поредок и повисоките вредности. Европа мора да го задржи единството. Некои земји повикуваат на повоинствен став или размислување за еднострани мерки. Не смееме да дозволиме Европа да биде поделена во однос на оваа војна. Европското единство е од суштинско значење. Поделбата на Европа е една од целите на Русија во војната, рече Макрон, пренесува Франс24.

Next Post
energy.gov

Директорот на МААЕ: Во електраната Запорожје ги видов главните работи што требаше да ги видам

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk