ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Стано: ЕУ ги охрабрува српските власти да најдат решение за одржување на Европрајд

September 2, 2022 17:52
in ДЕНЕС, РЕГИОН
ЕУ

ЕУ

Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на ЕУ Петер Стано денеска изјави дека Унијата ги охрабрува српските власти да продолжат со контактите со организаторите на Европрајд, со цел да се најде решение за одржување на Прајд во мир и безбедност и изрази надеж за позитивна конечна одлука, јави МИА.

ЕУ придава големо значење оваа Парада на гордоста да се одржи во мирни околности и со овозможена безбедност на учесниците, се вели во писмената изјава на Стано.

Тој истакна дека ЕУ ја поддржува еднаквоста и ги отфрла сите форми на дискриминација и дека очекува нејзините најблиски партнери да се посветат на заштитата и подобрувањето на човековите права.

Претходно,145 членови на Европскиот Парламент побараа од српскиот претседател Александар Вучиќ да ја повлече контроверзната одлука за откажување на Европрајдот 2022 година кој требаше да се одржи подоцна месецов во главниот град на Србија.

Прајд протестите се мирен начин за политичко застапување и еден од начините преку кои се искажува правото на слобода на говор и мирно собирање, се наведува во писмото на европратениците до претседателот Вучиќ.

Тие, исто така, побараа српската Влада да ја засили полициската заштита и да ја осигура безбедноста на илјадниците луѓе кои се очекува да присуствуваат на Прајд маршот во Белград и на сите поврзани настани на најголемиот годишен собир на ЛГБТК+ заедницата во Европа.

Неодамна и американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Србија да остане доследна на својата првична одлука да биде домаќин на меѓународниот настан „Европрајд 2022“ и да ја одржи парадата.

Слободата на мирно собирање и изразување се суштински компоненти на здрава демократија. Ја повикуваме Србија да ја обнови својата посветеност и да биде домаќин на ‘Европрајд 2022’. ЛГБТИ+ правата се човекови права, напиша Блинкен пред неколку дена на Твитер.

Од друга страна, на крајот на минатата недела Вучиќ беше категоричен дека годинешниот меѓународен „Европрајд“ во Белград нема да се одржи. Тој вели дека ќе се почитува одлуката на Владата на Србија за неодржување на парадата, нагласувајќи дека доколку некој настан е забранет, тој и ќе остане забранет.

Српскиот претседател им порача на организаторите на „Европрајд“, кои најавија дека ќе се соберат во договореното време и покрај одлуката на државата да го одложи настанот, дека ставот на државата е оти не постојат безбедносни услови и оти наместо да го сфатат тоа и да изберат други начини да се борат за нивната права, тие се обидуваат да ја одржат манифестацијата по секоја цена.

Меѓународниот настан „Европрајд“ секоја година се оджрува во различен град, а оваа година требаше да се одржи во главниот град на Србија од 12 до 18 септември. Белград беше прогласен за првиот град во Југоисточна Европа кој требаше да го одржи Европрајдот, но Вучиќ го откажа настанот.

Според ИЛГА-Европа, Србија котира прилично лошо во поглед на ЛГБТК+ правата. Во земјата нема уставна заштита, правно родово признавање, легислатива за злосторства од омраза, како и недоволно развиено граѓанско општество. Но, и покрај овие проблеми земјата стои подобро во споредба со неколку земји членки на ЕУ како Полска, Летонија, Романија и Бугарија.

Next Post
Славица Грковска

Грковска - Готскова: Зајакнување на регионалниот пристап во реализација на мерките и активностите за спречување на корупцијата и родовата застапеност

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk