Украина ги обвини руските сили за напад на цивилна инфраструктура како одговор на брзата офанзива на украинските трупи за време на викендот, што ја принуди Русија да го напушти главниот бастион во регионот Харкив.
Иако Кремљ се обидува да го лиши украинскиот народ од гас, струја, вода и храна, нема да успее да нè победи. Сè уште мислите дека можете да нè исплашите, да нè скршите, да нè принудите на отстапки? Навистина ништо не разбравте? – прашува Зеленски во објавата на Фејсбук.
Украинските власти соопштија дека целите на одмаздничките напади биле објекти за вода и термоцентрала во Харкiв и предизвикале широки прекини на електричната енергија.
– Нема воени објекти, целта е да се лишat на луѓето од светлина и топлина, напиша Зеленски.




