ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Deutsche Einheit

October 3, 2022 09:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Светот може да извлече најмалку три големи поуки од германското обединување на 3 октомври 1990 година кој се одбележува како Ден на германското единство. Обединувањето на Германија се случи неполна година по падот на Ѕидот во Берлин на 9 ноември 1989 година. Овој процес го означи и падот на советскиот тоталитаризам во светот и крајот на „ерата на поделби“ што ги предизвика Студената војна.

Source: Encyclopedia Britannica

Двете Германии ги делеше бодликава жица на границите, Ѕидот во Берлин и остро спротивставените идеологии кои ја водеа Студената војна повеќе од четири децении. Руската чизма го изобличи ликот на Европа и голем дел од Германија.

Западна и Источна Германија беа навистина две сосема различни држави по 45 години поделеност. Тоа што може светот да го извлече како поука од овие процеси е дека еден историски проект за национално помирување и обединување е можен само ако постои меѓусебна почит и солидарност. Песните и кафеанските пијанки на кои се зборува за обединување не водат никаде. Вистинско обединување значи и подобрување на животот на луѓето, а за тоа е потребно многу труд и жртви, а не песни и удирање в гради.

Сето тоа не е без тешкотии. Дури и по 32 години, сè уште се видливи разликите во економскиот развој меѓу западниот и источниот дел на земјата. Русите, едноставно, толку ја осиромашија и исцрпија Источна Германија, што ни децении подоцна не можат да се надминат разликите во развојот. Само во првите 20 години од обединувањето, западните Германци инвестираа 1,3 трилиони евра во источниот дел од државата. До денешен ден, субвенциите од Запад кон Исток изнесуваат меѓу 70 и 80 милијарди евра.

Бездомник во Источна Германија (Hinz & Kunzt photographer Mauricio Bustamante)

Масовниот егзодус од Исток кон Запад од 90-те години на минатиот век е сопрен дури во 2013 година, по што се бележи дури и обратен тренд. Денес, истражувањата покажуваат дека мнозинството Германци се среќни со обединувањето.

Лице на годината, 2015, TIME

Канцеларката Ангела Меркел, или Mutti Angela како што ја нарекуваат, ја водеше земјата во втората половина од периодот по обединувањето. Таа ќе остане запаметена по своите прогресивни политики, а особено по обединувачкиот карактер на нејзиното владеење. Иако лидерка на десницата, таа во својот кабинет обединуваше и партии на левицата, градејќи национално единство по сите основи.

Сепак, како и насекаде во светот, така и во Германија, не изостанува и ултра десницата. Особено источниот (посиромашниот) дел од државата е познат по сè посилните десничарски политички сили, како што е Алтернатива за Германија (Alternative für Deutschland – AfD) чија ориентација е спротивна на германските прогресивни и демократски политики.

Поддршка за АфД во 2020 (Би-Би-Си)

Втората голема поука од германското обединување е во тоа дека во светот навистина постои пријателство меѓу државите. Ништо не е невозможно кога имате поддршка од искрени пријатели меѓу државите. Така беше и во случајот со германското обединување во 1990 година.

Најважната поука за светот е дека Германија, нејзините граѓанки и граѓани, покажаа дека жесток и брутален тоталитарен систем каков што беше оној на Советскиот Сојуз, може да се победи без насилство. Германците, сложно и со подадена рака, ги премостуваат длабоките разлики што ги создаде децениската поделеност.

Денес, обединета Германија е една од водечките земји во светот во сите области на општественото, културното, научното и политичкото живеење. Германската нација е една од лидерите на слободниот, демократски свет.

Германија денес.

Повеќе од 80 милиони луѓе ја нарекуваат Германија свој дом. Во оваа супер модерна држава живеат и милиони луѓе од целиот свет, со сите свои етнички, верски и културни различности. Тоа е земјата во која се удрени темелите на Куќата на Едниот, храм во срцето на Берлин, каде што следбениците на христијанството, исламот и јудаизмот наскоро ќе се молат заедно. Иако е уникатен проект во светот, тоа е само мал дел од бескрајното богатство од идеи и достигнувања на обединетата германска нација. Која, заедно со слободниот свет, се соочува со тешките последици од руската воена агресија против Украина.

Денешна Германија решително се справува со предизвиците, се бори со проблемите преку дијалог, но и со многу храброст и одважност, труд и посветеност. Онака, германски.

*

ПС. Инспирацијата за поголем дел од овој текст доаѓа од изјавите на германската амбасадорка во Северна Македонија, Н. Е. Анке Холштајн.  


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Next Post
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

„Пиксел Груп“: Под секое ниво е да нè злоупотребуваат во дневни полички препукувања со лаги и класични манипулации

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk