ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ахмети и „огнената група“ се договорија: ДУИ ќе избира ново претседателство

October 4, 2022 18:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По речиси шест часа во седиштето на ДУИ во Мала Речица заврши средбата на претседателот на партијата Али Ахмети со т.н. огнена група која баре партиски реформи. Лидерот на ДУИ по овие разговори најави дека дебатата во партијата ќе продолжи, а за десетина дена ќе има Централно собрание на кое ќе се избере ново претседателството, јави МИА.

Денеска имавме разговор со долгогодишните соработници, со нив сум поминал во многу битни процеси, во многу успеси. Разговаравме и во суштина дебатата се враќа внатре во партијата. На 15 октомври ќе има Централно собрание каде ќе се разговара за политичката ситуација, но и ќе се избере новото претседателство и веднаш истиот ден новото претседателство ќе се врати во седиштот на ДУИ каде што меѓу другото ќе се разговара за политичката ситуација и ќе има отчет од владиниот состав на ДУИ, изјави Ахмети на прес-конференцијата, придружуван од Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити, Садула Дураку и Невзат Бејта.

На новинарско прашање дали е „изгаснат огнот“ на т.н. огнена група, Ахмети рече дека „немало оган“ и ќе продолжи партиската дебата.

Врз основа на анализата ќе продолжиме понатаму со дебатите. Нема оган, нема пламен, карактеристика на ДУИ е никогаш немало напори да се изгасне различното размислување, да се истисне или да се војува против различно размислување, напротив со почитување на тоа сме дошле до вистинските одлуки. Значи нема оган, и нема да има, изјави Ахмети.

Пратеникот Изет Меџити, еден од т.н. огнена група на новинарско прашање рече дека е задоволен, додека за побараната смена на вицепремиерот Артан Груби кажа дека ќе се продолжи со дебатирање околу нивните барања.

Дебатата ќе се врати во ДУИ, органите ќе одлучат за тоа што понатаму со нашите барања, истакна Изет Меџити.

До оваа средба и одлуки дојде откако на 24 септември медиумите го објавија писмото со кое функционери на ДУИ, кои се нарекоа „огнена група“ побараа од раководството да запре „војната“ во партијата, а одредени функционери од извршната власт да понесат одговорност. Ова е втора средба по онаа на 29 септември на која се дебатираше во насока на внатрепартиски договор.

Next Post

Антикризниот план на Мицкоски испадна блеф и лов на ситни политички поени

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk