ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Антикризниот план на Мицкоски испадна блеф и лов на ситни политички поени

October 4, 2022 19:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По завршувањето на средбата помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски стана јасно дека долго најавуваниот план на Мицкоски за излез од енергетската криза е всушност само политички маркетинг.

Првично најавуваните понуди за поевтина електрична енергија и енергенси од страна на ВМРО-ДПМНЕ, станаа контакти, а сега и тие контакти стануваат позиции за набавка на поевтини енергенси.

На средбата со Ковачевски, Мицкоски презентирал позиции како да се набават поевтини енергенси, а пред новинарите кажа дека со министерот за економија ќе сподели контакти од компании кои може да испратат поевтини понуди од берзанските.

Премиерот Ковачевски истакна дека сите понуди за набавка на електрична енергија и енергенси мора да се достават до Министерството за економија, каде што стручна комисија ги разгледува понудите и одлучува дали се исполнети сите критериуми.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ целиот изминат период тврдеше дека има план и контакти со кои државата би заштедила 300 милиони евра во енергетската криза. Премиерот Ковачевски и Владата неколкупати го повикаа да ги сподели контактите и мерките, со цел да се помогне на државата, но тој одби тоа да го направи и со дневнополитички изјави ја напаѓаше работата на економскиот совет.

Планот за справување со кризите на Владата беше изработен во консултација со експертите, а беше претставен и пред Советот за безбедност. Од друга страна, Мицкоски излегуваше во јавност и нудеше како решенија мерки и предлози кои Владата или веќе ги спроведува или има предвидено да ги спроведува во наредниот период.

На регулираниот пазар на електрична енергија, покрај домаќинствата и компаниите – мали потрошувачи, вклучени се и сите основни и средни училишта и здравствени институции, со што ќе се обезбеди непречена настава со физичко присуство и здравствени услуги за сите граѓани. Над 600.000 домаќинствата плаќаат само 20% од потрошената електрична енергија, додека останатите 80% ги покрива државата.

Владата исто така одобри и 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, за непречено снабдување на Град Скопје со парно греење во текот на претстојната зима.

И додека Мицкоски, кој тврди дека има контакти за набавка на електрична енергија и енергенси за пониска цена од берзанската, но не ги споделува со владата, поради лични и партиски интереси, Владата на највисоко ниво преговара со сите држави во регионот со цел да се набават енергенси и електрична енергија по пониски цени.

Д. Е.

Next Post

Илон Маск ја предложи првичната понуда од 54,20 долари по акција за купување на Твитер

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk