НЕНАД ЈОВАНОВИЌ
Го слушнав пресот на премиерот Ковачевски во однос на кризата, енергенсите, недостатокот на електрична енергија… Со задоволство можам да кажам дека ова денес не е власт (власт разбрана во класично марксистичка смисла како “власт која ги потчинува своите поданици”, синтагма со која навикнавме да ја разбираме политиката на овие простори отсекогаш).
Ова е Влада во вистинска смисла на зборот. Влада како “Government of the state” / “Влада на државни институции”.
Влада која се грижи за граѓаните; Влада која не ги третира своите граѓани како поданици, и Влада која помага, која сервисира неверојатно многу институции, претпријатија, индустрии на дневно ниво во пресрет на страшната балканска, европска и светска криза.
На овој чекор човек да се нафати да води Влада, не ми преостанува ништо друго освен да кажам дека навистина се работи за исклучителни, храбри и одважни луѓе.
Душмани/ критизери/ квази критичари/и професионални плукачи, стоп!