Најмалку 17 лица загинаа во руски ракетен напад врз украинскиот град Запорижја во текот на ноќта.
Ова го изјави во телеграма Анатолиј Куртиев, вршител на должноста градоначалник на Запорижја.
„Најмалку 17 лица загинаа во ракетен напад во текот на ноќта на Запорижја“, изјави градскиот функционер Анатолиј Куртев, додавајќи дека во нападот биле погодени куќи и повеќекатници.
Руските напаѓачи утрово го погодиле Запорижја со десет проектили.
Градот Запорижја, кој е под контрола на Украина, се наоѓа во истоимениот регион, кој Русија го анектира, иако нема целосна контрола врз областа.





