Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА
Руската новинска агенција РИА (Международное информационное агентство «Россия сегодня») објави видео во кое се гледа како се одвива густ сообраќај на Кримскиот мост, вечерта на 8 октомври. Утрината, военото воздухопловство на Украина го погоди и онеспособи мостот што, наместо да поврзува, претставува симбол на поларизацијата во светот и рашизмот на Путин (и повторување на историјата).
Истата РИА утрото по нападот објави дека во 6 часот и 7 минути на 8 октомври „беше разнесен камион, што предизвика палење на седум цистерни со гориво на железнички воз кој се движеше кон полуостровот Крим“. Украинското воено воздухопловство објави видео со коментарот: „Утро на Кримскиот мост. Се запалија резервоарите за гориво. Уништен е дел од патот! Сѐ ќе биде Украина!“
Во меѓувреме, само неколку часа по понижувачкиот напад на неговиот мост, Путин го назначи лојалниот шеф на руското воено воздухопловство, генералот Сергеј Суровикин, за командант на сите руски воени сили во Украина.
Вечерта, по исцрпувачки тешкиот ден за рускиот военополитички врв, РИА се појави со бисер видео. На видеото се гледа густ автомобилски сообраќај. Но само во една насока и тоа на спротивната коловозна лента!
Оттаму, се наметнуваат низ логични, но и подбивни прашања за тоа што се случува со РИА. Дали РИА се одметнала, па почнала да објавува вести спротивни на пропагандниот курс на Кремљ? Објавуваат дека рашистите бегаат од Крим? Или можеби тоа е само агитпроп терапија за вознемирениот Путин? Можеби се воведува британски начин на возење?
What’s going on? RIA goes rogue? Reporting on ruscists fleeing Crimea? Agitprop therapy for Putin? Or introducing British way of driving? https://t.co/N4tVhrvjQM
— Xhabir Deralla (@XhabirDeralla) October 9, 2022
Се разбира, ако сакаме да бидеме посериозни, треба да ги земеме предвид информациите дека Кримскиот мост е тешко оштетен и само делумно е пуштен во употреба, на побезбедна лента од коловозот. Во моментот на уништувачката експлозија, според руската туристичка асоцијација, имало околу 50.000 руски туристи на Крим. Веројатно, голем дел од нив ја формираат колоната од возила што се гледа во видео извештајот на РИА.
Но еден факт е непобитен. РИА, сакајќи да покаже дека нападот не ги повредил и дека „не ги боли“, покажаа дека владее паника на Крим.
Воедно, апсурдно е да се каже дека, ете, „не нѐ боли, мостот си функционира“, а истовремено да се „тресе“ воената команда и рускиот врв плачливо да изјавува дека Русија е нападната и мора да се брани.
Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Роденденска честитка за злосторникот, повторување на историјата