ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

На денешен ден – Основан е Македонскиот народен театар

1945.- Со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ бил основан Македонскиот народен театар.

January 31, 2020 09:21
in ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

31 јануари 2020 (МИА)

1747.- Во лондонската болница „Лок“ била отворена првата клиника во светот за лечење на венерични болести.

1797.- Во Лихтентал до Виена, е роден Франц Шуберт, австриски композитор, значаен претставник на музичкиот романтизам и најголем композитор на соло песната. Компонирал неколку стотици такви песни, опери, сценска музика, симфонии и камерна музика. Умрел во Виена, на 19 ноември 1828 година.

1808.- Дубровничката Република и формално престанала да постои. Речиси две години градот бил под окупација на Франција. По падот на Наполеон и Виенскиот конгрес во 1815 година, градот и припаднал на Австрија. Во 1918 година го ослободиле Србите кога бил приопен кон Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во 1991 година по распаѓањето на Југославија, Дубровник и припаднал на Хрватска.

1918.- Во Русија 31 јануари бил последниот ден на сметање на времето по Јулијанскиот календар. Следниот ден датумот беше означен како 14 февруари, според Грегоријанскиот календар, кој од тогаш станал службен.

1933.- Умрел Џон Голсфорди, англиски писател. Автор бил на познатата трилогија на семејството Форсајт (“Сага за Форсајтовите”, “Модерна комедија” и “Крај на делото”). Во 1932 година ја добил Нобеловата награда за литература. Роден бил на 14 август 1867 година.

1945.- Со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ бил основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава ја прикажал на 3 април истата година. Тоа била драмската претстава “Платон Кречет” од советскиот драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Ќостаров.

1946.- Собранието го изгласало првиот Устав на ФНРЈ (Федеративна Народна Република Југославија) во кој бил усвоен принципот на федерално уредување на земјата.

1950.- Претседателот на САД Хари Труман соопштил дека наредил да се произведуваат хидрогенски бомби.

1958.- САД го лансирале во орбитата околу Земјата, својот прв вештачки сателит “Експлорер 1”.

1964.- Кон Месечината била лансирана советската автоматска станица „Луна 9“, која три дена подоцна благо се спуштила и ги емитувала првите ТВ-снимки од површината на Месечината.

1974.- Умрел американскиот филмски продуцент Семјуел Голдвин, еден од пионерите во филмската индустрија. Во 1923 година ја основал филмската компанија „Семјуел Голдвин Продакшнс“, која во 1924 година се здружила со уште две филмски куќи и компании „Метро-Голдвин-Маер“, но потоа повторно станала самостоен продуцент. Филмови: „Стела Далас“, „Темниот ангел“, „Ќор-сокак“, „Западњак“, „Мали лисици“, „Најубавите години од нашиот живот“, „Тајниот живот на Волтер Митиј“, „Момчиња и девојки“, „Порги и Бес“.

1994.- Швајцарската Конфедерација и Принципатот Лихтенштајн воспоставиле дипломатски односи со Република Македонија.

1994.- Во Скопје било формирано Друштвото на македонско-турско пријателство и соработка.

2000.- Харолд Шпилман, сеемен лекар од северозападна Англија, бил осуден за убиство на 15 постари пациенти со смртоносна инјекција. Најголемиот британски сериски убиец, за кој се претпоставува дека убил повеќе од 200 пациенти, се обесил во затворската ќелија во јануари 2004 година.

2001.- Поранешниот либиски таен агент Абде Бесет ел Миграхи е осуден на доживотен затвор поради подметнување бомби во авионот на „Пан Американ“ кој во 1988 година експлодирал врз Локерби во Шкотска, при што загинале 270 луѓе во леталото и на земјата.

2002.- Римокатоличката црква во Ирска се согласила да плати 128 милиони евра обесштетување за луѓето кои биле жртви на злоупотреба од сексуална природа додека престојувале во детските домови под управа на римокатоличката црква.

2012.- На 98-годишна возраст умрел македонскиот фотограф и кинематограф Благоја Дрнков. Бил доајен и уметник на фотографијата и неуморен истражувач и документарист на македонската традиција, уметност и култура. Благоја Дрнков бил добитник на повеќе награди меѓу кои наградата „11 Октомври“ за животно дело на полето на филмот и фотографијата.

2015.- На 94-годишна возраст во Берлин починал поранешниот германски претседател Рихард Фон Вајцекер, еден од најактивните поборници за соочување со германското нацистичко минато. За време на неговиот мандат како претседател на Германија, од 1984 до 1994 година, се случила германската реунификација. Во октомври 1985 година Вајцекер ја направил првата историска посета на германски претседател на Израел, по што неговиот израелски колега Хаим Херцог изјавил дека Вајцекер заслужува посебно место во човечката историја. 

2016.- На 91 година во Скопје почина Нада Прличкова, долгогодишна, но и легендарна суфлерка на Македонскиот народен театар. Првите професионални суфлери во 70-годишната историја на МНТ се  Нада Стојкова, подоцна Прличкова и Божидар Тодоровски. Била во брак со Петре Прличко, доајен на македонското актерство.

Next Post

Дерала: Фала другар Јане, ќе дадам сè од себе да ги заслужам овие изрази на поддршка

Shortcut

Најново

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

    Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk