ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Буданов: Путин има тројца двојници, кои биле подложени на пластична операција

October 31, 2022 19:59
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на украинската разузнавачка служба, генерал-полковник Кирило Буданов за британскиот весник Дејли Меил изјави дека рускиот претседател Владимир Путин користи двојници кои биле подложени на пластична операција.

Буданов во интервју за Дејли меил истакна дека украинската Влада е многу збунета од постојаните воени грешки на Русија за време на инвазијата и затоа многу луѓе се прашуваат дали Путин сè уште ги носи клучните одлуки.

Без разлика колку е лош, Путин не беше идиот. Рускиот план не следи никаква логика. Големо е прашање дали вистинскиот Путин сè уште постои, рече шефот на украинската разузнавачка служба, тврдејќи дека неговите луѓе откриле двојници кои биле користени за замена на Путин во посебни прилики.

Буданов вели дека употребата на двојници сега е вообичаена практика.

Конкретно знаеме за три лица кои постојано се појавуваат, но не знаеме колку се точно. Сите направија пластична операција за да изгледаат исто. Она што ги открива е нивната висина, а тоа може да се види на фотографии и видеа. Исто така, се забележуваат разлики во гестикулациите, говорот на телото и ушите бидејќи тие се уникатни за секој човек, тврди разузнавачот.

Буданов смета дека промените се неизбежни во Москва и дека смената на Путин е во интерес на „целиот цивилизиран свет“. Руските државни медиуми го поврзуваат Буданов со тајни операции на Крим, бидејќи тој е поранешен оперативец на специјалните сили, кој подоцна беше назначен за шеф на военото разузнавање. „Русите официјално ме нарекуваат непријател број еден“, изјави тој за Дејли меил.

Генерал-полковникот и претходно тврдеше дека Путин користи двојници. Изминатото лето тој изјави за Њузвик дека Путин користел двојници за време на јавните настапи за да ги скрие здравствените проблеми. „Сликата на ушите е поинаква“, коментираше тогаш Буданов на фотографијата од средбата меѓу Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Буданов за Дејли меил призна дека Украина има тајни оперативци во Русија и дека најголем дел од нивните активности се насочени кон Чеченската Република на чело со Рамзан Кадиров. Минатата недела киевскиот парламент ја призна Чеченија како окупирана територија.

Буданов е убеден дека Украина ќе ја добие војната, но и дека Путин ќе биде принуден да ја напушти власта. „Овој конфликт ќе го измени идниот облик на Русија“, истакна тој.

Next Post

Петровска: Со донациите за Украина, не ја намаливме борбеноста на нашата армија

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk