ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Нуредини: Уредна документацијата на пратката со РДФ отпад запрена на ГП „Богородица“

– Што се однесува до увозот на опасен отпад, Министерството има единствено издадено дозволи за увоз на опасен отпад од типот “оловни акумулатори“ во количина од 12,500 тони, за правни субјекти кои поседуваат дозвола за третман и преработка на истите. Тие потоа се реупотребуваат, препродаваат или извезуваат како производи во и надвор од земјата, наведе Нуредини, додавајќи дека само една инсталација во државата поседува дозвола за увоз на алтернативно гориво РДФ во количина до 25.000 тони годишно.

January 31, 2020 15:10
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Спроведениот вонреден инспекциски надзор пред два дена на граничниот премин Богородица е еден пример како може институциите координирано да постапуваат. Царината иницираше вонредна контрола на пратка со РДФ отпад и тие се координираа со нас и со Државниот инспекторат за животна средина за да ги поддржиме при контролата. Беше извршен увид на документацијата која беше уредна, беа земени примероци од страна на инспекторите и царинските служби, а во моментов сме во исчекување на резултатите кои се анализираат од соодветна акредитирана лабораторија кои ќе бидат споделени со јавноста штом ги добиеме.

Ова денеска го соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на прес-конференција во Министерството на која се обрати и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски.

Од аспект на подобра контрола на прекуграничните пратки на отпад, додаде Нуредини, инициравме контакт со бугарското Министерство и ја изразивме подготвеноста да се продлабочи соработката во рамки на нашата надлежност. Истото, рече тој, ќе го сториме и со другите соседни земји.

Министерот вели дека Управата за животна средина при Министерството работи на обработка на податоците во однос на видот и количините на увезен, извезен и транзитиран отпад низ територијата на земјава, односно регистрите со правни лица кои поседуваат дозволи за оваа намена.

– Што се однесува до увозот на опасен отпад, Министерството има единствено издадено дозволи за увоз на опасен отпад од типот “оловни акумулатори“ во количина од 12,500 тони, за правни субјекти кои поседуваат дозвола за третман и преработка на истите. Тие потоа се реупотребуваат, препродаваат или извезуваат како производи во и надвор од земјата, наведе Нуредини, додавајќи дека само една инсталација во државата поседува дозвола за увоз на алтернативно гориво РДФ во количина до 25.000 тони годишно.

Министерот нагласи дека најголемата количина увезен отпад во нашата земја е отпадното железо и челик, кои инсталациите ги користат како суровина од која по преработката се добива производ што се пласира на пазарот.

– Согласно постојниот закон, во земјата е дозволен единствено увозот на отпад што може безбедно да  се преработи, без опасност од загрозување на животната средина, животот и  здравјето на луѓето, безбедно да се користи како суровина или безбедно да се користи како извор на енергија (согласно ЕУ карактеризациите за алтернативни горива). Увоз на отпад заради складирање и депонирање не е дозволен во нашата земја, и јас како министер нема да дозволам нашата држава да стане депонија за отпадот од другите земји, истакна Нуредини.

Тој изрази очекување дека во скоро време ќе бидат донесени шесте закони, на кои работеле во изминатите две години.

Во однос на протестите, кои денеска ќе се одржат со барање да се забрани увоз на отпад во земјава, тој посочи дека ги поддржува граѓаните, истакнувајќи оти ова е слободна земја каде граѓаните треба да го изразат своето мислење.

Директорот на Царинската управа Танасовски рече дека Царинската управа во согласност со своите надлежности во соработка со МЖСПП и со Инспекторатот надлежен за овие прашања во однос на пратката запрена на ГП Богородица со РДФ отпад, постапила согласно сите надлежности.

– Земени се примероци од РДФ, пуштени се во акредитирана лабораторија во Естонија од каде очекуваме резултати во рок од 7 до 10 дена и секако истите ќе ви бидат соопштени, рече Танасовски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Малолетен пешак прегазен во Скопје

May 14, 2025
Роберт де Ниро во Кан. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Роберт де Ниро го нападна Трамп во говорот во Кан: Ова не е само проблем на Америка

May 14, 2025

Костовски: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk