ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска во Штип: Три милиони денари за санација на Центарот за култура и истражување на археолошките локалитети под надлежност на Музејот

November 3, 2022 14:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Министерството за култура го реновираше Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип и досега се исплатени речиси над еден милион денари за санација на ентериерот – истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска при денешниот увид на активностите на националните установи од областа на културата во Штип.

Сите проекти што се предвидени во програмите на националните установи во Штип се реализираат тековно, а од огромна важност е што има проекти и инвестиции и со вонбуџетски средства, со што се демонстрира висок степен на домаќинско работење и менаџерски однос – рече Костадиновска-Стојчевска при  денешната посета на Центарот за култура „Ацо Шопов“, како и на Националната установа Завод и музеј – Штип.

Од почетокот на годината се реализирани 122 активности и манифестации од сите дејности од културата, а институцијата остварила и заштеда на електрична енергија од 32 процента  во споредба со истиот период минатата година, што е особено важно во време на сериозна енергетска криза. За проектот молерисување на дел од простории, одобрени се средства во износ од 140.000,00 денари. Проектот е реализиран и е извршена исплата на средства во износ од 139.594,00 денари, а се поставени ламинат, ПВЦ подна подлога и винилни плочи со монтажа во вредност од 448.383,00 денари. Набавена е и светлосна и тонска опрема во вредност од 324.500,00 денари – информираше директорот  на Центарот за култура од Штип, Горан Трајков.

Тој додаде дека Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип со сопствени средства, пак, набави клима-уреди, а изврши и комплетна реставрација на фоајето во објектот на институцијата со што се доби современ уметнички простор –   „Галерија`22“. Направена е реконструкција на малата сала во установата и други интервенции, а со донација се реконструираше и Спомен-собата на Ацо Шопов.

Исто така, обезбеден е грант-проект за „МЛАДИ ХАБ“  во вредност од 30 000 евра, а се склучени и меморандуми за соработка со неколку домашни установи, но и со Хрватскиот народен театар од Вараждин.

Костадиновска-Стојчевска при посетата на Заводот и музеј – Штип го истакна значењето на проектот за конзервација и реставрација на владетелската палата на археолошкиот локалитет Градиште (Билазора), с. Кнеже, Св. Николе, што го реализира оваа установа.

Годинашните активности на локалитетот Билазора беа поддржани со 1,8 милиони денари, нешто што е важно за континуирани активности на ова извонредно значајно наоѓалиште каде што и годинава има значајни наоди. Издвоивме средства и за конзерваторско-реставраторски работи на базиликата на локалитетот Баргала. Има голем број активности преку кои надлежните установи континуирано и систематски го заштитуваат богатото културно наследство во Штип и во регионот – нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Директорот на Заводот и музеј – Штип, Митко Штерјов, истакна дека стручните екипи на оваа национална установа реализирале археолошки истражувања на неколку локалитети, меѓу кои се и истражувањата на доцноантичката тврдина  Кула, с. Калаузлија, во близина на археолошкиот локалитет Баргала, како и на локалитетот Трескавечка чука, Општина Конче.

Со оглед на тоа што во 2023 година се одбележуваат 80 години од депортацијата на Евреите од Штип и од земјава, годинава беше поддржан истражувачкиот проект „Последните еврејски куќи во Штип“, чии резултати ќе бидат искористени во одбележувањето на јубилејот.

Next Post

Брегу: Трите договори потпишани во Берлин допираат до оние кои се наменети – тоа се граѓаните

Shortcut

Најново

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk