ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Сугарески: Голема лага е дека централната власт го кочи Прилеп, вчудовиден сум од изјавата на Јовчески

Вчудовиден сум од изјавата дека централната власт ја кочи работата на градоначалникот Јовчески. Тоа е една голема лага!“, издвојува Сугарески.

November 14, 2022 19:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Повеќе од една година молчев, премолчувајќи ги притоа и сите навреди кои на лична основа беа искажани кон мене, но и кон членовите на моето најтесно семејство. Повеќе од една година не го коментирав работењето на локалната самоуправа и градоначалникот Борче Јовчески, чекајќи да биди испорачано она кое тој во изборната кампања им го вети на граѓаните на Прилеп“, пишува во објава на Фејсбук, Горан Сугарески, поранешен министер за транспорт и врски и кандидат за градоначалник на Прилеп.

Тој вели дека нема вистина во изјавата на Јовчески дека централната власт го кочи Прилеп, односно дека ја опструира работата на градоначалникот и општинската власт.

„Добро ми се познати сите владини проекти кои се сработија за Прилеп и во Прилеп. Оние завршените нема да ги спомнувам, туку ќе се задржам и ќе ги аргументирам само проектите на Владата кои се, или треба да бидат во фаза на реализација, а за кои локалната власт односно градоначалникот Борче Јовчески, велат дека се нивно дело.

Да бидеме начисто:

  • Изградбата на водоводот „Пашоски ливади“ е финансиран од Владата преку ТАВ програмата, со минимум општински пари;
  • Реконструкцијата на влезот во Прилеп од страната на Крушево, улицата „Леце Котески“, ќе ја прави Министерството за транспорт и врски;
  • Водоводот за манастирот Трескавец е исто така дело на Владата, со средства од ТАВ програмата;
  • Од 30-те урбанистички планови за населените места кои се исто така финансирани од Владата, 29 сеуште не се донесени;
  • Инвестициите во прилепската Гимназија, во медицинското и хемиското училиште, новата спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски“, исто така се дело на Владата.

Вчудовиден сум од изјавата дека централната власт ја кочи работата на градоначалникот Јовчески. Тоа е една голема лага!“, издвојува Сугарески.

Тој нагласува дека ни еден проект не е закочен или опструиран од централната власт.

„Ако постои такво нешто, ако макар и еден проект е закочен или опструиран од централната власт, како вработен во Општина Прилеп и како поранешен функционер, се нудам и го повикувам градоначалникот Јовчески уште денес заедно да појдеме во Скопје и да најдеме решение за проблемот. Ама такво нешто нема, не постои! Помошта која Владата им ја дава на општините, меѓу нив и на Општина Прилеп, била и секогаш ќе биди безусловна и неселективна“, вели Сугарески.

Сè друго освен ова, е грубо извртување на вистината, потенцира во објавата Сугарески.

 

Next Post

САД: Не смее да остане неказнето кршењето на човековите права во Иран

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk