ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Новите форми на договори за вработување се неизбежност во сите современи економии, вклучително и кај нас

November 17, 2022 10:54
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска со воведно обраќање ја отвори конференцијата „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот“, во организација на Меѓународната организација на трудот, Здружението за трудово и социјално право и Фондацијата Импакт.

Министерката   истакна дека во услови на висок технолошки развој неизбежна е појавата на променливост  на  пазарот на труд, што води кон воспоставување на нови форми на вработување, а со тоа се  наметнува и потребата од нивно уредување. И затоа, темата на која се дискутира е од особено значење, затоа што како креатори на политики од  областа на трудот, мислењето и вклученоста на сите релевантни фактори во државата, но и поддршката и соработката со меѓународните актери се почитува.

„Договорот за вработување е одлична основа за воспоставување на професионален и коректен однос меѓу работникот и работодавачот, при што и двете страни имаат права и обврски кои произлегуваат од работниот однос. Работникот, има право да биде информиран за своите законски права, а во случај на спор, ако има основа да биде и обештетен. Договорот за вработување е исто толку суштински важен  и за работодавачот, кој,  покрај  обезбедувањето на соодветна работна сила, која ги знае своите права и обврски и со која има јасно дефиниран  однос, обезбедува и заштита на неговите  права и  интересите на бизнисот,“ рече Тренчевска.

Министерката посочи дека уредувањето на договорите за вработување е само еден од елементите и  измените во  новиот Закон за работните односи, на кој подолго време се работи.

„Верувам дека наскоро ќе биде готова и финалната верзија на новиот Закон за работни односи, по што ќе биде поставен на енер, согласно законската регулатива во нашата држава. Ќе бидат оддржани и јавни расправи ширум државата , за да можат што поголем број на организации, институции, граѓани,  со коментари се вклучат во неговото финализирање а со тоа да го подобриме работното законодавство во државата,“ истакна Тренчевска.

Таа изрази уверување дека споделените знаења и искуства и дискусии на конференцијата ќе дадат дополнителен придонес во натамошното конципирање на договорите за вработување, на новите форми  на договори, кои стануваат неизбежност во сите современите економии, вклучително и кај нас.

Next Post

Битиќи: Праведната транзиција кон обновливи извори на енергија е свесен и совесен избор за секоја влада

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Само Унгарија не поддржа соопштение на Делегацијата на ЕУ во Србија по повод годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

Во вториот круг се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk