ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СЗО: Пред Украина се најцрните денови

November 21, 2022 20:11
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
166948878

166948878

Share on FacebookShare on Twitter

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, д-р Ханс Хенри Клуге, денеска одржа говор во Киев во кој истакна дека од почетокот на руската агресија врз Украина, СЗО забележала и документирала 703 напади врз здравствената инфраструктура.

Таквите напади, изјави Клуге, „се кршење на меѓународното хуманитарно право и правилата на војување“. Поради нападите врз здравствената и енергетската инфраструктура, стотици болници и други здравствени установи „повеќе не се функционални поради недостиг од гориво, вода и струја, кои им се потребни за задоволување на најосновните потреби“.

На породилиштата им се потребни инкубатори. На банките за крв им требаат ладилници. На креветите за интензивна нега им требаат вентилатори. Сето ова бара енергија, истакна тој, додавајќи дека целта на неговата посета на Кијив е да го фокусира вниманието на светот на ситуацијата, да се сретне со релевантните официјални претставници и да им изрази благодарност на украинските лекари, медицински сестри и други здравствени работници.

Клуге рече дека 10 милиони луѓе во Украина во моментов се без струја, или околу една четвртина од населението. Станува збор за ситуација која е особено опасна сега кога се очекува температурите да паднат до -20 степени Целзиусови.

Студеното време може да убие, рече тој, додавајќи дека „очајните семејства се принудени да се свртат кон алтернативни методи за греење“, како што се палење јаглен или дрва и користење на дизел генератори или електрични греалки, кои носат дополнителни ризици по здравјето.

Според него, се очекува два до три милиони луѓе во Украина да бидат принудени да ги напуштат своите домови во потрага по топлина и безбедност, каде што сигурно ќе се соочат со „здравствени предизвици“ како што се Ковид-19, пневмонија или грип.

На крајот од својот говор, Клуге предупреди дека здравствениот систем на Украина „се соочува со најцрните денови од досегашниот тек на војната“ и рече дека „најдоброто решение би било да се стави крај на конфликтот“.

Тој, исто така, предупреди дека Украинците имаат поголеми шанси да се заразат со респираторни инфекции во текот на зимата, имајќи го предвид фактот дека сојот омикрон на коронавирусот се шири во Украина: „Ако ја земеме предвид ниската стапка на вакцинација, да не зборуваме за бустер дозите, милиони Украинците имаат мала или никаква отпорност на Ковид-19“.

Клуге, исто така, рече изрази загриженост поради очекуваниот бран на сезонски грип, кој, во комбинација со слабиот пристап до здравствена заштита, може да „значи катастрофа за ранливите групи“. „Оваа војна мора да заврши пред дополнително да бидат загрозени здравствениот систем и здравјето на украинската нација“, заклучи тој.

Tags: болестиВојна во УкраиназдравствонападиСЗО
Next Post

Блокиран буџетот на Град Скопје

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025
Скриншот

Карго-авион на „ЈупиЕс“ се урна во Кентаки, најмалку седум жртви

November 5, 2025
Генерирано со ВИ

Кина суспендира дел од дополнителните царини за американскиот увоз за една година

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk