ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Блокиран буџетот на Град Скопје

November 21, 2022 20:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нестручните и несериозните амандмани за ребаланс на буџетот поднесени од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го блокираа градскиот буџет за што потврда добивме и од страна на Министерството за финансии кое што не извести дека од овие причини буџетот не може да се вчита, истакна на денешната прес-конференција градоначалнилката на Град Скопје, Данела Арсовска и посочи дека се случило токму она за кое што предупредувале во изминатата недела на редовната седница за ребаланс на буџетот на Град Скопје.

Лицемерието, како што истакна таа, се гледа и во нивното инаетење.

Иако беа предупредени од страна на стручната служба на Градот Скопје и тоа на Комисијата за финансирање која се одржа пред седницата на Советот каде што се разгледуваше ребалансот на буџетот дека во оваа форма амандманите ќе го блокираат буџетот на Град Скопје, тие одбија да ги преработат амандманите во смисла тие да бидат функционални. Оттука, не можеме да заклучиме ништо друго освен дека Трајко Славески и советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги исполнуваат единствено желбите на нивниот лидер Христијан Мицкоски за што директно трпат Скопје и скопјани, изјави градоначалничката.

Таа информираше дека е поднесена и претставка до Инспекторатот за локална самоуправа, а како што изјави „срамот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и штетата на блокадата на Град Скопје” ќе се обидат да ја надминат во интерес на граѓаните.

Лично се заложувам исто како што се заложив и на седницата на Советот да се надмине оваа состојба и да се реализираат сите проекти коишто се од интерес на граѓаните. Со блокади на буџетот како оваа од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ невозможно е да се реализираат проектите што се ветени на граѓаните и затоа апелирам до овие советници наместо Христијан Мицкоски, приоритет да им бидат граѓаните и она кое што треба да се реализира во интерес на граѓаните и истото да го демонстрираат со конструктивна соработка и со тоа што реално, а не лажно, ќе демонстрираат поддршка на програмата за градот Скопје, порача Арсовска.

Според неа, програмата мора да се реализира и затоа денеска побарала свикување на итна седница на која што ќе се изнајде решение за блокадата која што ја предизвикаа директно тие на буџетот на Град Скопје.

Next Post

Иранските фудбалери одбија да ја пеат националната химна на СП во Катар

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk