-ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бараа поддршка од граѓаните на Скопје за нивната кандидатка за градоначалничка, Даниела Арсовска.
Заради рацете во медот од тендер вреден 136 милиони евра се испокараа. Градот Скопје е пред нова катастрофа и во тотален колапс, нема ниту еден проект којшто се реализа, не функционираат јавните претпријатија, после 30 години нема ниту јавен превоз а не нешто повеќе, се вели во соопштението од СДСМ.
Според партијата, одговорноста е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски за штетата што Град Скопје ја трпи во оваа година и ја покажува сета нивна неспособност.
-По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ им приредува нова катастрофа на граѓаните на главниот град.
-Се она што Мицкоски го ветуваше пред скопјани се покажа како една голема и огромна лага.
-Затоа Владата предводена од СДСМ, ќе ги преземе сите големи и клучни проекти кои се започнати во Скопје и во рамките на своите надлежности ќе ги направи, заради граѓаните, заради скопјани, наведуваат од СДСМ.