Американскиот безбедносно-одбранбен тинк-тенк Институт за воени студии (ISW) денеска објави дека украинските разузнавачи известуваат оти руските специјални сили планираат т.н. напади „лажно знаме“ (false flag) врз критичната инфраструктура во Белорусија во обид да ја вовлечат земјата во војна.
Ukrainian intelligence reported that Russian special services are planning false flag attacks on critical infrastructure in #Belarus in an attempt that would likely fail to pressure the Belarusian military to enter the war in #Ukraine. https://t.co/6oQyjfqvNX pic.twitter.com/igyW8rF9e5
— ISW (@TheStudyofWar) November 22, 2022
ISW, исто така, оценува како и руската и белоруската страна неуморно ја нагласуваат билатералната одбранбена соработка за да го овековечат впечатокот дека белоруската војска ќе се приклучи на војната во Украина.
Но, потенцијалните напади „лажно знаме“ веројатно нема да ги променат внатрешните фактори за кои ISW проценува дека ја ограничуваат подготвеноста на белорускиот диктатор Александар Лукашенко да влезе во војна на страната на Русија.