ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Собранието на Косово денеска гласа за предлогот на Курти за новата влада

Курти, како лидер на партијата победничка на октомвриските избори, го доби мандатот за состав на новата влада пред две недели, на 20 јануари, додека собраниското Претседателство ја закажа пленарната седница за гласање за составот на неговиот иден кабинет за 11 часот.

February 3, 2020 08:59
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

 Пратениците на новиот состав на косовското Собрание, произлезен од вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври минатата година, денеска треба да гласаат за предлогот на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) и мандатар за нов премиер на Косово Албин Курти за составот на новата влада на Косово.

Курти, како лидер на партијата победничка на октомвриските избори, го доби мандатот за состав на новата влада пред две недели, на 20 јануари, додека собраниското Претседателство ја закажа пленарната седница за гласање за составот на неговиот иден кабинет за 11 часот.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, викендов, по речиси четиримесечни преговори, ВВ потпиша договор за коалиција со второрангираната партија на изборите, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).

Во текот на вчерашниот ден, согласно статутите на двете партии, договорот за коалиција беше усвоен на партиски референдум на ВВ и од Генералното собрание на ЛДК.

Курти и лидерот на ЛДК Иса Мустафа, вчера на заедничка прес-конференција објавија дека е договорено новата влада да има 15 министерства, двајца вицепремиери и 33 заменици министри. Шест од владините ресори ќе ги води ВВ, исто толку ЛДК, а, според косовската легислатива, двајца министри ќе им припаднат на политичките преставници на косовските Срби и еден на припадниците на другите малцински етнички заедници.

Пратениците на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), во петокот се сретнаа со Курти, по што лидерот на СЛ Горан Ракиќ изјави дека неговата партија нема да го попречува формирањето на новата косовска Влада и дека очекува да има двајца министри во кабинетот на Курти.

Меѓутоа, по вчерашното објавување на договорот за коалиција меѓу ВВ и ЛДК, директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ, изјави дека Српска листа нема да гласа за предлогот на Курти, а истото подоцна синоќа го потврди и самиот Ракиќ, по средбата во Белград со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Десет од 120 места во косовскиот Парламент, според Уставот и законите на државата, се загарантирани за претставниците на српското малцинство, а исто толку и за политичките субјекти на другите шест немнозински заедници во Косово –  Турците, Бошњаците, Ромите, Ашкалиите, Египќаните и Горанците.

За да биде изгласана новата влада потребно е мнозинство од 61 пратеник во Собранието. Партиите на Курти и Мустафа заедно имаат 57 пратеници (ВВ 29, ЛДК 28), а поддршка на новиот кабинет најавија десетмината пратеници на партиите од несрпските малцински етнички заедници.

Пратениците на партиите не Албанците кои досега беа на власт – Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и коалицијата на Социјалдемократската иницијатива и Алијансата ново Косово – објавија дека нема да гласаат за предлогот на Курти за новиот состав на владата.

Next Post

Напаѓачот од Лондон носел лажен самоубиствен елек

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk