ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

МЖСПП: Завршуваме со чистењето на линданот од Охис со УНИДО, продолжуваме со УНОПС

December 6, 2022 16:18
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи денеска го одржаа завршниот настан од проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани со изомери на линданот во ОХИС“.

Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, министерот Насер Нуредини, во своето воведно обраќање на настанот истакнал дека од клучно значење за успешната реализација на проектот била соработката на Владата на РСМ со сите релевантни чинители во земјава во сите фази на проектот.

– Беа потребни повеќе од 15 години за да се создадат услови за спроведување на еден ваков специфичен проект, во кој се работи со високо токсичен материјал складиран во близина на урбана средина. Сепак, задоволство ми е да потврдам и дека во рамките на овој проект успеавме да ги исполниме сите планирани цели и задачи, како и одржливост на активностите за понатамошното чистење на останатиот дел од малата депонија, со мобилизирање на средства и од други извори на финансирање, истакнал Нуредини

Како што се наведува во соопштението имплементацијата на проектот започнала во 2015 година, а во текот на седумгодишниот период реализирани биле неговите главни зацртани цели: воспоставување правна рамка, подобрување на политиките и зајакнување на институционалните и технички капацитети за управување со контаминираните локации, како и воспоставување на финансиски и технички одржлив механизам за обезбедување на средства за продолжување на активностите до конечна ремедијација на контаминираната локација на HCH и други загадувачи во кругот на ОХИС.

-Завршна фаза на целиот процес беше транспортирањето на отпадот и негово конечно отстранување од Македонија, преку соседна Република Грција до Франција и Холандија, каде се спроведе дополнително согорување или ремедијација на отпадните материи и почва. Но, чистењето на линданот и неговите изомери од малата депонија во Охис продолжува, при што  имплементациона единица ќе биде УНОПС, а средстава се обезбедени преку Мултипартнерскиот Фонд за животна средина, специјално наменет за чистењето во ОХИС, во кој несебично контрибуираа  Кралството Норвешка и Владата на РСМ, но и самото Министерство од сопствениот буџет, а финансиска поддршка даде и Европската делегација, стои во соопштението.

Проектот е имплементиран преку UNIDO како имплементациона агенција, во соработка со проектната канцеларија за перзистентни органски загадувачи (POPs) при Министерството за животна средина и просторно планирање, а е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF)

Tags: Министерството за животна срединаНурединиОхис
Next Post

Радев: Бугарија ги има сите шанси следната година да влезе во Шенген

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk