ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

„Бомбастични“ утра и во опкружувањето, заканувачки мејлови и во Загреб, Белград, Крагуевац

December 16, 2022 15:07
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Мала анализа на утринските закани со бомби кај нас и во земјите од соседството укажува дека интензивирањето се движи по слично сценарио. Пред речиси еден месец НоваТВ во текстот со наслов „Хибридна војна: Оркестрирани ли се заканите со бомби низ училиштата со оние во соседството?“, потсети дека ние не сме единствената земја која во изминативе месеци се справува секојдневно со лажни закани со бомби. Како според однапред осмислена стратегија , заканите почнуваат во училиштата, а подоцна мета на нападите стануваат и електронските адреси на други јавни простори како што утрово беше случај со Скопскиот аеродром, хотелите  „Александар палас“ и „Мериот“, молот Ист гејт…

Утрово прв пат проциркулира и содржината на мејлот што бил испратен на скопскиот аеродром „Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја. Затоа на денешниот ден се удруживме со нашите истомисленици и политичка партија за да ги минираме следните локации во Скопје и тоа со 8 бомби на Меѓународниот аеродром Скопје, 5 бомби во Националната арена „Тоше Проески“, една бомба во зградата на ФФМ, една бомба во ТЦ „Ист Гејт“, две бомби во хотел „Мериот“ и една бомба во хотел Сенигалиа. Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас и вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука. Суспендирајте ги санкциите, е.ани гомна“.

Оваа порака е слична на онаа која беше обелоденета во медиумите во земјите од нашето опкружување (Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, односно во Белград, Загреб, Бања Лука, Нови Сад, Крагуевац, Ниш) каде што заканувачките пораки почнаа да пристигнуваат уште од почетокот на летото: „Се ќе лета во воздух“, „Поставен е експлозив, имате неколку минути да го напуштите објектот“, „Никој нема да застане на патот до слободата“.

Хрватските медиуми објавија и напси дека таргет на нападите беа и судови, обвинителства, плоштади. Од полицијата и кај нас и таму, нема никакви информации до каде е истрагата и од каде пристигнуваат мејловите. Сепак, „Јутарњи лист“ објави дека испраќачот ја маскирал својата вистинска адреса преку онлајн сервис од островот Куракао во Карипското Море, близу до брегот на Венецуела. Како што пишуваат, целта била тешко да се најде оригиналниот креатор и испраќач. Станува збор за услугата MsgSafe.io, една од услугите која на корисниците им овозможува анонимност и приватност на комуникацијата преку е-пошта.

Досега, малку или воопшто официјални лица од повиканите институции не се огласија со повеќе детали иако некои експерти проговорија дека сепак станува збор за хибридна војна која е присутна веќе подолго време.

„Сметам дека ова е сѐ дел од една хибридна војна. Македонија е членка на НАТО и не е исклучена од таа хибридна војна. Хибридна војна се води со воени и невоени средства и целта е да создава страв, несигурност и двоумење кај населението со ширење на лажни вести, на дојави, нешто што ќе се перципира како нестабилност. Ништо ново во поглед на таква војна. Во Македонија имаме историја на такви случувања со години наназад“, рече во интервјуто Ванчо Орданоски од ИнфоПроект за ЦИВИЛ Медиа, одговарајќи на прашањето за дојави за бомби што веќе два месеци ги вознемирува граѓаните.

Како и во другите земји што се справуваат со заканите со бомби, помош побаравме од НАТО. Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа во ТВ21 рече: „Вчера комунициравме со структурите на НАТО, да видиме каков хибриден пристап кон регионот може да се случи, која може да биде причината“,

И додека вознемиреноста расте и истовремено навикнуваме секојдневно да се будиме со вести со закани со бомби со прашањето- Каде следно?- епилогот речиси секаде е ист, заканите се лажни и досега не се добиени повеќе информации за сторителите.

Меѓу бројните прашања што се отвораат се и оние како полициските тимови успеваат да стигнат на сите локации и до кога ќе можат да издржат пред да се парализира поилицискиот систем за интревенција пред останатите секојдневни потреби од полицијата.

Ана Василевска / НоваТВ

Tags: закани за бомбиМВРрегионхибридна војна
Next Post

Ковачевски: Нема да има ценовен шок за ценатата на струјата, можно е и нејзино намалување

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk