ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Фирмата „Кепс МОНТ ГРОУП“ ќе ја изнесува троската со тешки метали ридот на поранешната велешка „Топилница“

Од Општина Велес информираат дека за издавањето на Б-Интегрираната еколошка дозвола е направен увид на заинтересираната јавност

October 4, 2019 13:29
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски издаде Б-Интегрирана еколошка дозвола на скопската фирма „Кепс Монт Гроуп“ ДООО Скопје, со што е дадено зелено светло таа да почне активности на терен за изнесување на 1,8 милиони тони техногена минерална суровина.

Станува збор за минерална суровина од таканаречениот „Црн рид“ со згура настанат како последица од 30-годишното  работењето на велешка Топилница, а кој е полн со тешки метали олово, цинк кадмиум, бакар и други. Неговото дислоцирање ќе значи и спас за за велешани, кои цели 16 години од затворањето на топилницата со секој ветер ги чувствуваат последиците по здравјето од прашина од црниот рид полн со тешки метали.
„Црниот рид“ на Топилницата во Велес е една од десетте еколошки таканаречени „Жешки точки“ во земјава кои им го загрозуваат здравјето на граѓаните.

Од Општина Велес, како што за МИА информира општинскиот инспектор за животна средина Билјана Шуркова Манаскова, завршена е целокупната административна постапка и градоначалникот Аце Коцевски ја издаде Б – Интегрираната еколошка дозвола на „Кепс Мон Гроуп“ ДОО Скопје и таа може веднаш да започне со активностите на терен,

-Со добивање на Б Интегрирана еколошка дозвола  фирмата може уште веднаш да започне со активностите на терен за ископ и транспорт на минерални суровини од Црниот рид настанат како последица од  работењето на велешка Топилница. Но, кога ќе стартува со работата на терен, тоа  зависи од нив, појасни Шуркова Манаскова.

Таа потсети дека изнесувањето на суровината – 1,8 милиони тони техногена маса од таканаречениот „Црн рид“ ќе биде со камиони во наредните 48 месеци од Велес до Солунското пристаниште, а оттаму  до Малезија. Од Општина Велес информираат дека за издавањето на Б-Интегрираната еколошка дозвола е направен увид на заинтересираната јавност. 

Извор: МИА

Next Post

Бесплатен јавен превоз по повод манифестацијата „Бела ноќ“

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk