Италијанската Влада денеска вети поддршка за Кијив и ја повтори својата посветеност за постигнување праведен мир за Украина, беше соопштено по телефонскиот разговор меѓу италијанската премиерка Џорџа Мелони и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
За време на разговорот, Мелони ја повтори целосната поддршка на италијанската Влада на Кијив на политичко, воено, економско и хуманитарно поле, за поправка на енергетската инфраструктура и за идната реконструкција на Украина, се наведува во соопштението.